18 Декември, 2025
0.0546

(ФОТО)Путин најави ново оружје со кое ќе ја осигура безбедноста на земјата

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2015 19:33

Добивај вести на Viber

Русија ќе произведе ново оружје за кое смета дека ќе биде главниот адут кој ќе ја гарантира безбедноста на земјата, притоа нема да зе впушти во трка за ооружување со Западот. Ваквата намера денес ја објави рускиот претсдател Владимир Путин, по посетата на стрелиштето  во близина на Москва каде некои од примероците оружје кои ги видел изгледале како да се донесени директно од филмовите со научна фантастика. Путин нагласил дека планот за модернизирање на војската треба да биде реалистичен и да се заснова врз способноста на економијата. „Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во скапа трка за вооружување, Русија не му се заканува никого и се стреми кон решавање на проблемите на преговарачки стол. Така ќе постапуваме и во иднина, ќе се придржуваме токму до ваквата политика“, рекол Путин на седница на Воено – индустриската комисија. „Гледаме како другите држави отворено изнесуваат геополитички претензии, не внимавајќи ни поради директното мешање во внатрешните политики на земјите кои се независни, по пат на активно зајакнување и модернизација на својот воен арсенал“, рекол шефот на руската дипломатија. Според зборовите на Путин, во вакви услови Русија е должна да обезбеди верна и гарантирана заштита на својот суверенитет, територијална целовитост и национални интереси. Тој додал дека „многу или некои држави спроведуваат поразлична политика – политика на насилен притисок“, и тоа „проследени со приказна за меѓународно право и желба проблемите да се решаваат со помош на преговори“. Путин го цитирал некогашниот германски канцелар Ото фон Бизмарк дека „важни се потенцијалите, а не намерите“. „Гледаме дека потенцијалите растат“, рекол тој додавајќи дека издвојувањата на Русија и САД и на другите земји за воени потреби се „неспоредливи“. Агенцијата РИА наведува дека воените расходи на земјите на НАТО во 2013 година изнесувале билион долари додека рускиот воен буџет изнесува само 68 милијарди долари со планиран раст од 98 милијарди до 2016 година. „Ние можеме и мораме  да одговориме на тој предизвик, притоа да не паднеме во скапа трка во вооружување“, рекол Путин, додавајќи дека акцентот треба да биде ставен на високата технологија. „И понатаму ќе ги зајакнуваме нашите вооружени сили и воени организации во целост, правејќи се што е неопходно за нашите Вооружени сили да бидат модерни, мобилни и добро опремени, способни да ја извршат главната задача 0 неутрализирање на ризиците и политичките закани, потенцијални безбедносни закани на нашата земја“, истакнал рускиот претседател. Путин додал дека државната програма за вооружување до 2025 година треба да ги признае макроекономските показатели и новата воена доктрина усвоена кон крајот на минатата година, во која се наведени воените закани по безбедноста на Русија. robot1 robot2 robot4  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“