ПУТИН: НАТО легија се бори на страната на Украинската војска!
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2015 17:46
Претседателот на Русија Владимир Путин рекол дека украинската војска е НАТО легија, која не ги штити интересите на земјата туку сака да ја притисне Русија.
„Ние често говориме за некаква украинска војска, но кој навистина таму се бори? Тоа се, рака на срце, делумно официјални единици на вооружени сили, но поголем дел од таканаречените доброволни националистички баталјони“, рекол Путин.
Тој додал дека интервенцијата на украиснките сили е поврзана со постигнувањето на геополитички цели за уништување на Русија.
Според неговите зборови украинската војска не е војска, туку странска легија, во овој случај, страна на НАТО легија која ги нема за цел интересите на Украина.
Претседателот на Русија додал дека Киев е одлучен да пронајде политичко решение на кризата во источна Украина, но само додека не е воспоставено примирје, кое го искористиле да ги зајакнат своите сили.
„За жал, официјален Киев одбива да го следи патот на мирно решавање на проблемите. Тие не сакаат да ја решат кризата со политичките средства“, рекол Путин и додал дека властите во Киев во истокот на земјата најпрво користеле законски мерки, потоа средства за безбедносни сили за да потоа по воен пат тргне на регионот на Донбас.
Премиерот на Украина Арсениј Јацењук денеска прогласил вонредна состојба на истокот од земјата.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




