Путин: Неморално менување на историјата!
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2015 18:33
Сите обиди повторно да се пишува историјата се недопустливи и неморални, изјавил рускиот претседател Владимир Путин по повод годишницата од ослободувањето во Аушвиц.
Таквите обиди претставуваат израз на прикривање на нечија сопствена срамота, рекол тој.
Путин одржал говор во московскиот Еврејски музеј во Центарот на толеранцијата.
Тешко е да се замисли дека фабриките на смртта, масовните егзекутирања и депортации биле ужасна реалност во 20 век, дека биле организирани во наизглед многу цивилизираната Европа и дека биле изградени со макотрпна прецизност и ладнокрвност, навел Путин.
Тој повикал на заеднички напори во спротивставувањето во обидите на закана од неонацисти и тероризам во модерниот свет.
Треба заедно да застанеме против тие закани и заедно да го штитиме мирот и слободата на народот и правото на државата за нивен сопствен пат на развој, истакнал рускиот претседател.
Путин предупредил на опасност од политичките двојни стандарди, наведувајќи го примерот на Украина.
Добро знаеме колку се опасни и деструктивни двојните стандарди, рамнодушност и апатија за судбината на другите. Тоа е она што денеска се случува на југоистокот од Украина каде со месеци ладнокрвно се убиваат мирните граѓани на Донбас, Луганск и други места, рекол Путин.
Тој нагласил дека обидите на повторно пишување на историјата често ја кријат сопствената срамота, кукавичлук, лицемерие и предавање и служат како лош изговор за директно или индиректно помагање на нацистите.
Путин нагласил дека рускиот народ поднел најголема жртва за подбеда против нацизмот во Втората светска војна.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




