Путин се појави со страшен тресок!
Објавено во: Свет 16 Март, 2015 10:31
Рускиот претседател и врховен командант на вооружените сили на Русија Владимир Путин наредил утрово да биде доведен во целосна борбена готовност Северната флота и одделни соединенија на Воздухопловните сили и војници на Западниот воен округ во рамките на операцијата. Ова го објави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, цитиран од агенциите, во Националниот центар за управување во одбрана на Русија.
Денес од 08.00 часот по московско време започнала проверка на борбената готовност во која учествуваат 40 илјади војници, 3360 единици воена техника, 41 борбени бродови, 15 подморници, 110 авиони и хеликоптери.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавил дека нови закани за безбедноста на Русија ја принудуваат земјата да го зголеми потенцијалот на армијата, пренесе „РИА Новости“. „Нови предизвици и закани пред воената безбедност бараат вооружените сили да го зголемат воениот капацитет“, изјавил Шојгу.
Владимир Путин, кој не се појавил јавно десетина дена по што предизвика шпекулации за локацијата и неговото здравје, за подоцна денес има планирана средба со претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев во Санкт Петербург. Кремљ потврди дека средбата ќе се одржи според планот.
Според телевизија „Дожда“, последните неколку дена Путин најверојатно поминал во резиденцијата крај езерото Валдано во Новгородска област и токму од таму шефот на државата сакал да замине за Петербург каде на 16 март треба да се одржи негова средба со киргистанскиот колега Алмазбек Атамбаев.
Во пресрет на годишнината од референдумот во Крим за пристапување кон Русија Владимир Путин го гледал синоќа филмот „Крим. Патот кон татковината“ на телевизијата „Русиа-1“. Тоа го изјавил вчера прес секретарот Дмитриј Песков, како уште еднаш се одбиде да даде коментар за здравствената состојба на шефот на државата.
62-годишниот Путин последен пат беше виден на 5 март на прес-конференција со италијанскиот премиер Матео Рензо.
Минатата недела тој откажа серија од планираните настани, вклучувајќи ја посета на Казахстан и планираното потпишување на договор за сојуз со Јужна Осетија.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




