Путин се појави во Санкт Петербург
Објавено во: Свет 16 Март, 2015 12:17
Авионот на рускиот претседател Владимир Путин слетал во Санкт Петербург.
ТУ-204 од претседателската флота со патен број RA- 64504 се приземјил на аеродромот „полкови“ денес. Информацијата е потврдена за сајтот „Фонтанка“ од прес-центарот на аеродромот.
Од програмата на предвидена за денеска во Санкт-Петербург Владимир Путин ќе оствари средба со претседателот на Киргистан Алмазбеко Атамбаев.
Малку подоцна „ТАСС“ соопшти дека средбата меѓу двајцата претседатели, која е втора од почетокот на годината, е започната во Константиновската палата.
Претходно денеска Кремљ потврди дека средбата ќе се одржи според планот. Вчера прес секретарот на претседателот Дмитриј Песков уште еднаш одби да даде коментар за здравствената состојба на шефот на државата.
За последен пат 62-годишниот руски претседател Владимир Путин се појави јавно на 5 март на прес-конференција со италијанскиот премиер Матео Рензо.
Минатата недела тој откажа серија од планираните настани, вклучувајќи ја и посета на Казахстан и планираното потпишување на договор за сојуз со Јужна Осетија. Со исчезнувањето на Путин предизвика голем број шпекулации и претпоставки - од гласини за државен удар, до загриженост за здравствената состојба на рускиот претседател до жолти информации, вклучувајќи за тоа дека присуствувал на раѓањето на свој син од гимнастичарка Алина Кабаева во швајцарска болница.
„Исчезнувањето“ на Путин се совпадна со излегувањето на пропагандниот филм „Крим. Патот кон татковината“ на телевизијата "Русија - 1"
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




