Путин: Што ако ја нападнеме Северна Кореја?
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2017
Рускиот претседател Владимир Путин се наметна како значаен фактор во актуелната нуклеарна криза меѓу САД и Северна Кореја бидејќи посочи дека е за мирно решавање на проблемот и дека Трамп без Русија не може да донесе ефикасна одлука. Говорејќи на Интернационалниот форум за енергетска ефикасност Путин посочи дека е возможен глобален напад врз Северна Кореја за нејзино разоружување, но прашањето е што ќе се постигне со тоа?
- Ајде да збориме во моментов дали можеме да започнеме глобален напад за разоружување на Северна Кореја. Апсолутно да. Дали ќе ги достигнеме метите? Тоа не е јасно бидејќи никој не знае сигурно што точно каде се наоѓа, посочи Путин.
Путин исто така вели дека говорот од позиција на сила само ја зголемува нервозата во Северна Кореја и лидерите мора да разговараат со поопуштена реторика која нема да предизвикува конфликти. Путин е свесен за потенцијалот на Северна Кореја која е многу блиску до Русија и затоа нема да молчи додека САД долева масло на оганот со непримерните коментари на Доналд Трамп кои ја разгоруваат атмосферата.