Путин: Убиството на Немцов е политички мотивирано!
Објавено во: Свет 04 Март, 2015 20:05
Претседателот на Русија Владимир Путин рекол дека верува дека убиството на опозиционерот Борис Немцов е политички мотивирано.
Тој ова го истакнал на седницата со челниците на Министерството за внатрешни работи, на кои им порачал дека Русија мора да се ослободи од ваквиот начин на елиминирање на противникот.
Путин на состанокот со членовите на руската влада рекол и дека вниманието мора да биде насочено на разветлување на убиството кое, како и во своето прво обраќање го нарече провокација.
„Најголемото можно внимание мора да биде насочено на криминалните дела од највисок профит, вклучувајќи ги и оние кои се политички мотивирани. Мораме да ја исчистиме Русија од срамови и трагедидии на кои бевме сведоци. Тука мислам на суровото убиство на Борис Немцов во строгиот центар на престолнината“, рекол Путин.
Немцов е погребан во вторникот, а на неговото испраќање не можеа да присуствуваат полски и литвански политичари, на кои им бил забранет влезот во Русија, што го зајакнало ривалството во и така нарушените односи на Русија и Европската унија.
Истрагата по повод убиството на опозициониот лидер уште трае, а официјални претставници тврдат дека имаат листа на осомничени и дека наскоро би требало да следат апсења.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




