17 Декември, 2025
0.6008

Путин: Укинувањето на гас на истокот од Украина мириса на геноцид

Објавено во: Свет 25 Февруари, 2015 17:59

Добивај вести на Viber

Гаспром не ги прекршил условите на договорот за испорака на гас преку контролните пунктови на истокот од Украина, вели рускиот претседател Путин. Тој предупредува дека исклучувањето на дотокот на гас на истокот од Укриана „мириса на геноцид“.

Истакнал дека од однапред платениот гас на Украина, од тој енергент и останале уште за три-четири дена, и доколку не стигне уплатата, испораките ќе бидат прекинати.

Како што вели, Русија се надева дека до крајни мерки во транзитот на гас во Европа нема да дојде и дека тоа зависи од финансиската дисциплина на Киев.

„Јасно ни е дека, повикувајќи се на наводно оштетување на гасоводот, Киев го прекинал снабдевањето со гас во Луганската и Доњецката област“, укажал Путин.

Во исто време, „Гаспром“ го почитува договорот потпишан уште во 2009 година и дополната од октомври минатата година, рекол претседателот на Русија.

Во согласнот со тој договор, во рамки на авансно платениот гас, се испорачува гас во Украина во количини кои и се потребни“, објаснил Путин.

Според неговите зборови, во тие договори се споменати и контролните пукнтови. Путин, вели дека е уверен дека „Гаспром“ не крши ништо.

„Што се однесува до оштетувањето на гасоводот, не ми е познато, но знам дека во тие региони живеат околу четири и пол милиони луѓе. Замислете тие луѓе да останат без снабдевање со гас во зимскиот период. И не само тоа, туку и глад - и ОБСЕ констатира дека таму има хуманитарна катастрофа и уште да им го исклучат гасот. Исклучувањето на дотокот на гас на истокот од Украина мириса на геноцид“, рекол Путин.

Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки