Путин во Будимпешта, Унгарците протестираат
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2015 16:03
Владимир Путин пристигнал во Унгарија во својата прва билатерална посета на некоја од членките на ЕУ од јуни минатата година. По повод неговото доаѓање над илјада Унгарци протестирале на улиците во Будимпешта. Како што порачале од протестот, Унгарија уште во 1989 година кажала „НЕ“ за „царувањето и диктатурата“.
Организаторот на протестот против рускиот претседател Владимир Путин, помеѓу источниот и западниот дел на железничката станица во Будимпешта е Мартон Гулјаш и имал многу јасни причини за тој протест:
„Рековме „не“ на царизмот уште во 1989 година, рековме „не“ на тој вид на дикатура и го променивме нашиот систем, успеавме во транзицијата и сега сме слободна нација и сакаме сами да ги донесуваме нашите одлуки без никакви притисоци од еден антидемократски владетел како што е Путин“, изјавил Гулјаш.
Маршутата меѓу железничката станица ја симболизира желбата на Унгарија да остане поврзана со западот, а не со Русија. Демонстрантката Ева Беенат ги навела своите мотиви за протестот:
„Не сакам да имам нуклеарни електрани или долгорочни договори за гас, но не и нашите лидери да се додворуваат на оној кој е во војна со Украина“ изјавила Ева.
Околу 2000 луѓе на протестот побарале од премиерот Виктор Орбан да ја престане „путинизацијата“ во Унгарија. Истван Ковач заклучува:
„Политички ние припаѓаме на Европската унија и не треба да градиме пријателства со Русија за време на војната. Ние треба да и се приближиме на Европа, а не на Русија“ изјавил Ковач.
Но Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој во 1980 бил познат по своите јаки антисловенски ставови како лидер на студентите, сега се смета за еден од најблиските соработници на Владимир Путин во ЕУ.
За доаѓањето на Путин во Будимпешта, неговиот советник Јури Ушков изјавил дека лидерите кќ разговараат за снабдување на Унгарија со рускиот гас.
Во декември од Русија соопштиле дека ќе се откажат од 40 милјарди долари вредниот гасовод Јужен тек, кој требало да го снабдува југот на Европа избегнувајќи ја Украина, под притисок на примедбите од ЕУ. Унгарија била силен заштитник на тој проект.
Сега Унгарските власти сакаат да преговараат за нов флексибилен долгогодишен договор за снабдување со рускиот гас, бидејќи оваа година истекува досегашниот договор кој го имале со Москва.
Во минатогодишната посета на Москва, Виктор Орбан потпишал договор за позајмица од 10 милјарди евра од Русија за проширување на една Унгарска нуклеарка, која се наоѓа во Пакс околу 130 километри јужно од Будимпешта.
Освен руско-унгарските економски врски се очекува дека Путин ќе изврши притисок над Орбан да ги блокира санкциите на ЕУ кон Русија.
Посетата на рускиот претседател на Унгарија доаѓа во време на конфликтите на истокот во Украина помеѓу владините трупи и сепаратистите кои ја поддржуваат Москва. И покрај примирјето кое стапило на сила во неделата, конфликтите се'уште траат, а договореното повлекување на тешкото наоружување сеуште не е започнато.
Унгарија до сега ги подржуваше санкциите на ЕУ спрема Русија, но гласно изрази неодобрување на негативното влијание кое ќе го имаат.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел





