Путин: За помалку од пола час можеме да ја уништиме Америка, и тие тоа го знаат!
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2015 19:59
Американскиот политички аналитичар Даглас Џон открива непознати детали за рускиот претседател, кои се случиле после победите на изборите.
Во светлото на затегнатите односи помеѓу Русија, од една страна, и Западот од друга, секако малку во медиумите блиски до погледите на официјален Вашингтон, Лондон или Брисел се појавуваат вести кои не само да што го привлекуваат вниманието на читателите туку и ја подигаат температурата за степен повеќе.
Бркање на тираж, т.е читаност. но и сликање на Русија како воинствена држава дава потсетување на реториката од западот, која исто така е храбра и заканувачка. Токму една таква информација открива американскиот политички аналитичар Даглас Шон.
Шон и Мелик Кајлан, авторите на книгата „Руско-кинеска оска: Нова Студена војна и криза на американското водство (светот)“, наведуваат како изгледала славата која е организирана по повод победата на Владимир Путин на претседателските избори во 2011 година.
На собирот одржан во московскиот клуб „Нов век“ присуствувале многу домашни и странски новинари, политичари, бизнис луѓе и лица со други занимања.
Путин од почетокот, пишуваат Шон и Кајлан, говорел за Русија. За довербата на рускиот народ во владата, како и за поддршката која тој ја ужива.
Меѓутоа, нешто подоцна се занимавал и со прашањето на руско-американските односи. Изразувајќи незадоволство што САД планираат да изградата противракетен штит во Европа (кој Русија го гледа како потенцијално офанзивно оружје притив неа), Путин рекол дека „Вашингтон односите со Москва ги одржува само затоа што знае дека Русија е единствена земја која може да ја уништи Америка за пола час, или дури и помалку“.
И.Р
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




