Работа полесно ќе најдете во странство, отколку во Македонија!
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2016 09:56
Тешко или многу тешко е да се најде работа во земјава.
Ова е оценката на Институтот за демократија, од направеното истражување за мислењето на јавноста за тоа колку лесно се наоѓа работа во земјава.
Бројот на песимисти е поголем од оптимистите.
Речиси 90% од граѓаните тврдат дека работа полесно ќе се најде во странство, отколку во земјава, а само осум проценти сметаат дека има можности тука да се најде работа.
Колку граѓаните се способни да почнат сопствен бизнис?
31% од испитаниците велат дека ги имаат потребните знаења и искуства, но за разлика од нив, 12,6 насто велат дека имаат средства за почнување на сопствен бизнис.
Колку се грижи државата за социјалните семејства?
Високи 86 насто велат дека државата воопшто не се залага за социјално загрозените, спротивно мислење пак имаат 6 проценти,а дека населението живее под прагот на сиромаштијата сметаат 70 проценти.
Примателите на социјална помош кои биле вклучени во истражувањето посочиле дека голем дел од нив не можат да обезбедат ниту основни потреби за живот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




