21 Ноември, 2024
0.0277

Работам како личен асистент на сестрата на емирот на Катар-ги организирам нејзините патувања, забави и приеми: Павлинка Тренева Муса за животот во Доха

Објавено во: Мои пари 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Шансата да замине за Катар се појавила случајно, кога имала 22 години и ја прифатила без размислување. Новите познанства истекнатите искуства ѝ дале полет и желба за напредување. Во почетокот работела како фризерка , а потоа и како шминкерка. По десет години престој во Доха, Катар, штипјанката Павлинка Тренева Муса може да се пофали со исклучително успешна кариера, но и со исполнет приватен живот. Работи како личен асистент на Да Фатема бин Хамад Алтхани, сестра на емирот од Катар, Тамим бин Хамад бин Калифа Алтхани, еден од најбогатите во светот.Зборува англиски, арапски и шпански јазик. Мажена е за архитектот Елиас Муса (32), по потекло од Либан. Родители се на Јара, која неодамна го прослави првиот роденден.

Според кодексот на работа, не смее да објавува фотографии со катарската принцеза. 

Шансата за подобар живот, желбата за докажување и напредување во кариерата, младите претежно ја гледаат во европските земји или во Америка. Кој беше мотивот ваша дестинација да биде Катар?

- Катар не ми беше планиран, сам ми се случи. Отсекогаш знаев дека сакам да пробам можеби и некоја кратка сезонска работа надвор од Македонија, барем заради искуство. Па така кога случајно ми излезе шансата за Катар без размислување заминав. Не бев во некоја ексесивна потрага за работа во странство па на почетокот заминувањето повеќе го сметав за авантура.

Дружба со македонски пријателки на самите почетоци во Катар


* Искуствата се различни, какво беше вашето? Се навикнавте ли брзо на тамошниот живот?

- Моето искуство е прекрасно, немав воопшто проблем со прилагодување. Можеби фактот дека бев многу млада придонесе во тоа да не ја сфатам тежината на промената која тогаш ја направив. Сите нови познанства, искуства, запознавање на нови култури, верувам дека на секој 22 годишен човек би му дале само полет и желба за напредување. Нормално имаше и тешки моменти и тоа најчесто поради  сопственото отсуство на битни моменти и случки во семејството и на пријателите.

Арапската традиционална шминка е поразлична од нашата.

* Кој ви беше првиот работен ангажман?

- Прво започнав да работам како фризерка. Со текот на времето се едуцирав и почнав со шминкање.

* Арапките важат за исклучително негувани жени. Каков вид на дневна и ноќна шминка претпочитаат? Ги следат ли светските трендови?

-Точно, но сепак не би можела да генерализирам. Арапската традиционална шминка е многу потешка и поразлична од нашата. Буквално можете преку ден да видете девојки нашминкани како за свадба. Но, во последните години посебно помладите практикуваат многу поприроден изглед.

* Дали работата како шминкерка ве спои со една од сестрите на Емирот од Катар? Што беше пресудно да ја стекнете нејзината доверба и да и станете личен соработник?

- Не би можела да дефинирам со што точно ја стекнав нејзината доверба. Таа беше мој долгогодишен клиент додека работев како шминкерка. Тие се свесни за својот статус и позиција која ја имаат тука во општеството. Но, свесни се и за лажно додворливите луѓе помеѓу нив кои понекогаш се дури нападни во желбата за дружба со нив. Јас имав сосема спротивен пристап од горенаведеното, па можеби тоа беше пресудно.

Ниту едно секојдневие на принцезата не е исто

Која е вашата функција, за што сте задолжени ?

- Оффф, тешко прашање. Буквално сум инволвирана во сѐ. Од правење персонален онлајн шопинг до замисла, планирање и реализација на патувања, забави, приеми. Од придружба на пријателски ручек до наоѓање на фирми за изградба на куќи и следење на цела реализација до завршеток на истата.

* Како изгледа едно секојдневние на една принцеза? 

- Ниту едно секојдневие не е исто. Еден ден може да биде поминат во кревет пред тв, наредниот да се почне со патување до некоја соседна држава. Доколку има голема забава или свадба во склоп на семејството целиот ден па и недела и се планира според потребите на истата.

* За оваа богата, истовремено егзотична и мистична земја постојат повеќе предрасуди. Кои од нив ќе ги потенцирате?

- Најголема заблуда е дека овде жените се заробенички на мажите, живеат затворени во златни кафези и се машини за раѓање деца. Поради мојата работа сум опкружена со многу катарски жени кои се највисоко едуцирани по Европски универзитети, кои се бизнис жени, кои попладневното кафе можат да го пренасочат и за пет минути да стане шопинг во Турција или сафари во пустината без да бараат дозвола од мажите. Исто така владеат предрасуди дека не се почитуваат други религии освен Исламот или дека се врши притисок за ковертирање што е тотална небулоза. Постојат дискотеки, барови, кафулиња и секој може да си го пронајде стилот на живот кој му одговара.

Сопругот ја обожава Македонија

* Таму го запознавте и вашиот сопруг кој е од Бејрут , уште еден доказ дека „ љубовта не познава граници“. Како го доживевте Либан, а како тој ја доживеа Македонија? 

- Либан е медитеранска преубава земја која изобилува со природна убавина. Либанците сакаат да се наречат сами себе “Европејци помеѓу Арапите” што многу кажува за нив. Го сакаат животот и го живеат со полни гради и покрај сите лоши и деструктивни политики кои ги следат години наназад. Тој ја обожава Македонија, пријатно беше изненаден од гостопримливоста од тоа како сите меѓу себе се знаеме. Од тоа како одењето на кафе во попладневните часови е непишано правило и традиција.

* Наидов на податок дека во Доха постојат православни цркви и литургии, а секој петок луѓето се собираат таму на служби. Присуствувавте ли на овие служби за божикните празници? 

- Да постојат, конкретно македонска православна црква нема, но има грчка и таа е најпосетувана од Македонците тука. Лично не ги посетувам, иако сум верник. Сепак опкружена сум со многу Македонци пријатели со кои се гледаме многу често без повод, тоа да е петочна литургија.Можеби не звучи убаво и е малку непатриотски, но мене Катар ми е безбедна зона, место каде што точно знам во секоја фиока што имам, родно место на мојата ќерка, земја која без проблем од неодамна и пружи работа, сигурност а со тоа и дом и на мојата сестра. На мајка ми шанса да си го гледа првороденото внуче.

Соња Алексоска Неделковска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации