18 Декември, 2025
0.0411

РАБОТАТ СО КОЖА А ИМ РАСТЕ ДОБИВКАТА – позната компанија од Велес скоро целиот асортиман го пласира на пазарите во странство

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2025 07:56

Добивај вести на Viber

Домашната компанија за крзно „Димко Митрев“ од Велес продолжува со успешните резултати. По растот кој го остварија во првите шест месеци од година и добивка која беше 16 отсто поголема отколку истиот период минатата година, нивната добивка значително се подобри заклучно со месец септември.

Согласно последната објава на податоци на Македонската берза, оваа компанија успеала да го подобри своето работење и да оствари добивка која за малку не достигнува 3 илјади евра. Компанијата за остварените резултати информираше преку редовните извештаи кои ги објавуваат на „Македонска берза“.

- Во периодот од 01.01.до 30.09.2025 година ДИМКО МИТРЕВ а.д. Велес оствари нето добивка од 173 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година е поголема за 288 отсто – се посочува во извештајот.

Во него е појаснето дека во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 221.965 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2024 година е поголем за 10 проценти.

По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 90 отсто, приходите од домашен пазар со 2 проценти и други приходи со 8 отсто – се потенцира во извештајот.

Притоа нагласуваат дека во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат.

Во периодот од 01.01. до 30.09.2025 година вкупните расходи изнесуваат 221.792 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2024 година се поголеми за 10 проценти.

По структурата на застапеност во вкупните расходи нај големо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 89.895 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се зголемени за 1 отсто – се појаснува во извештајот.

Како што е познато, „Димко Митрев“од Велес е компанија за производство и трговија на крзно и крзнени производи која успешно работи повеќе од седум децении. Таа е извозно ориентирана компанија која и е присутна на европските пазари  повеќе од 50 години, со доминантен странски капитал во сопственост на приватни акционери.

За бруто плата на вработените, нивните трошоци достигнале 86.528 илјади денари и во однос на истиот  период во 2024 година се помали за 2 проценти, а од компанијата потенцираат дека платите редовно се исплаќаат.

-  Во пресметковниот период од 01.01. до 30.09.2025 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 57.197 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 29.331 илјади денари.

Во овој период нема исплата на дивиденда – се потенцира во извештајот на „Димко Митрев“.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје