Работилница за поедноставни царински постапки за фирмите
Објавено во: Економија 06 Август, 2013 18:41
АМЕРИТ СИЗ Македонија сообраќај и Царинската управа на Република Македонија, денеска пред бизнисмените, шпедитерите и фирмите кои вршат транспорт на стоки во Куманово одржа работилница на која беа презентирани олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки
Процесот за поднесување на Декларации за извоз и увоз на стоки царината го олеснува преку нова електронска форма на пополнување на документите за царинење.
„Со ваквата царинска постапка се заштедува на време а за транспортните превозници како и за шпедитерските фирми тоа ќе значи и заштеда на пари“ , велат од царинската управа.
Серијата работилници што ги вршат низ повеќе градови во државата ќе помогне превозниците поблизу да се запознаат со новите можности- како во просториите на својата фирмата поефикасно да ја завршат транзитната постапка и локалното царинење на стоки.
„Со овие поедноставени постапки не само што олеснуваме и забрзуваме туку и драстично се намалуваат трошоците кои се потребни во царинската постапка. Се разбира не треба да го занемариме и крајниот бенефит, дека, преку зголемувањето на поедноставените постапки ние всушност го јакнеме и партнерскиот однос со деловната заедница.“ вели Димче Аџиоски од секторот за царински системи
„Новиот начин на локално царинење се спроведува од март годинава и сега 30 проценти од извозот од Македонија се врши на лице место во фирмата извозник додека 20 насто од увозот оди преку оваа скратена постапка така што се избегнува оптовареноста и на царинските терминали“ вели Аџиоски.
Бизнис секторот е задоволен од новините што ги воведе царинската управа.
Транспортните фирми веќе го користат новиот систем ТИР-ЕПД за електонски пред-декларации кој ја забрзува целата процедура и ја олеснува работата на транспортерите во пријавувањето на стоките
Овој систем е наменет да им помогне на транспортерите со користење на ТИР-карнетите сами да прават влезно – излезни декларации. Од ден на ден се зголемува бројот на корисниците на пред-електорските декларации затоа што увидоа дека на овој начин се избегнуваат шпедициите, а со нивното избегнување и долгите процедури се заштедуваат и време и пари, изјави Мартин Бочварски, стручен соработник за информатика во Амертит СИЗ Македонија сообраќај.
Електронскиот систем за аплицирање, обработка и издавање на увозни, извозни и транзитни дозволи ќе го скрати времето за добивање на одобренија а за операторите тоа ќе значи и избегнување на здодевното чекање по шалтерите на државните институции.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




