Рачно изработени предмети за предновогодишната атмосфера –Mагичен базар во Скопје Сити Мол
Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2014 12:20
„Базарот, кој ќе се оддржи од 18 до 21 декември, го организираме со цел презентација на уникатни и убави предмети, изработени од македонски раце. Заедно со Занаетчиската комора, одлучивме да воведеме и избор на најдобар излагач – нешто што посетителите преку пополнување на ваучер ќе можат да го направат. Оној кој ќе добие најмногу гласови, ќе може да го задржи својот штанд до крајот на календарска 2014 година во Скопје Сити Мол. Дополнително, продолжува со работа Сити Кидс Клубот со интерактивни претстави, креативни работилници и други интересни активности, а тинејџерскиот предизвик за учество во маратонскиот Плејстејшн турнир кој носи вредни награди, се отворен за нови кандидати. Веруваме дека ова е супер предновогодишна забава, која во форма на подарок, сакаме да им ја овозможиме на посетителите и со тоа, да им ја честитаме новата година”, истакна Александра
Шаровиќ Атанасовска, менаџер на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.Викендите за најмладите, кои веќе втора недела се оддржуваат во Сити Кидс Клубот, продолжуваат и понатаму. Детската претстава со кралицата Слаткица е вистински погодок за најмладите, заедно со едукативните игри. Пеењето во хорче, истотака ги започна подготовките за својот настап на 27-ми декември, а сите заинтересирани можат да се пријават за да земат учество во приредбата.
За крај, потрагата по Дедо Мраз во лавиринтот е во полн ек! Најголемиот лавиринт досега направен кај нас, предизвикува – Влези и пронајди го Дедо Мраз. Големата потрага по него продолжува, а ова е убава можност да го посетите предновогодшно, магично расположениот, Скопје Сити Мол.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




