19 Декември, 2025
0.0375

Радев вели дека не може Македонија нив да им поставува ултиматуми

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2022 15:20

Добивај вести на Viber

Бугарскиот претседател Румен Радев реагира на изјавата на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи дека до јуни има можност да се развијат односите меѓу РСМ и Бугарија.

Според него, крајно несоодветно и нездраво е Северна Македонија да поставува ултиматуми. 

„Крајно е несоодветно и нездраво да се зборува за Бугарите и да се поставуваат некои ултиматуми. Притисокот беше уште поголем минатата година. Јас и преодната влада го продолживме овој притисок со два последователни совети за проширување. „Многу добро ги објаснивме позициите на Бугарија и тие се прифатени. Само треба да се бранат. Станува збор за човекови права, копенхашки критериуми, говор на омраза. Тоа се работи кои не се компатибилни со европските принципи и вредности“, рече тој.

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска на средбата со својот австриски колега Александер Шаленберг изјавила дека Софија вложила значителни напори за позитивни билатерални односи со Скопје изминатиов период.

„Ќе продолжиме да работиме на градење на вистински добрососедски односи со Република Северна Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. Од Скопје очекуваме конкретни дејствија и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест“, рече Генчовска.

Претходно, од македонската дипломатија информираа дека наредниве недели се клучни за постигнување решение со Софија. 

До крајот на овој месец повторно ќе се одржи заедничка меѓувладина седница со кабинетот на  бугарскиот премиер Кирил Петков, но овој пат во Скопје. Албанија сака раздвојување на патот кон ЕУ, и како што велат тамошните  власти, не сакаат да бидат заложници на соседскиот спор. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината