Радикални: Нов оперативен систем за „Ајфон“ и „Ајпад“
Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2014 19:30
Компанијата Apple ја претстави најновата верзија на оперативниот систем на „Ајфон“, iOS 8, на Меѓународната конференција која се одржа вчера во Сан Франциско.
Новата верзија ќе биде достапна есента за телефонот iPhone 4s.
Промените се гледаат во радикалниот редизајн, изглед и ова е еден од најголемите чекори кои Apple ги направи после смртта на Стив Џобс.
На некои им се допадна новиот, модерен дизајн на iPhone 4s, додека имаше и такви на кои не им се допаѓа.
Некои од промените и не се толку значајни, но еве што нема да ви избега:
„Паметни нотификации“
Сега кога добиете известување во врска со пораки или коментар кои ги поставивте на Facebook, ќе можете да одговорите на нов без оглед во која апликација се наоѓате во моментот кога ви стигнало известувањето.
„Лесно користење на e-mai “ Одсега ќе можете да ги бележите меиловите како непрочитани или да ги избришате со еден потег, а доколку „лапнете“ порака која ја креирате ќе ви се прикаже во инбоксАвтокорекција на текстот е минато?
Допишувањето е нешто што луѓето најчесто го прават на iPhone. На конференцијата е представена брзопотезна опција за допишување (iMessage) опција која може да ги елиминира досадните опции „автокорекција“ така што на основа на текстот кој сакате да го испратите однапред ќе ви се понудат неколку опции.
Нема повеќе вознемирувања со групни текстови
Со системот iOS 8 можете сами да додадете или да избришете луѓе од групни пораки, а исто така постојат и опции „не вознемирувај“, ако сакате да избегнете одредени содржини.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




