15 Декември, 2025
0.2457

РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Објавено во: Економија 09 Мај, 2025 13:47

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

На заедничката средба со претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески, по согледување на состојбите беше констатирано следното.

1.Трговијата помеѓу двете земји како докажни трговски партнери, мора да се одвива непрекинато.

2.За конкретниот застој, да се надминат проблемите преку забрзување на протокот на камионите и наместо на меѓуграничниот простор тие да се насочат согласно законската регулатива во магацините и таму да се чека исходот од лабораториските анализи.

3.Да се примени принципот на проценка на ризик при спроведување на физичка контрола на граничниот премин, а не да се врши контрола на секоја пратка поединечно.

4.Да се иницира двете Влади преку надлежните институции (Агенциите за храна и ветеринарство), да работат на усогласување на сертификатите и нивно заемно признавање зашто е потребно усогласување со европската регулатива.

Заеднички заклучок од состанокот на Рафуна и Азески, е дека мора да се применат конкретни активности во согласност со политиките на Европската Унија и меѓународните договори, затоа што само така и двете држави ќе покажат дека се сериозни во однос на патот кон кој се насочени, а тоа е членството во Европската Унија.

На состанокот, двајцата претседатели на коморите на Косово и Северна Македонија разговараа и за протокот на стоки и услуги кои со изградба на автопатната инфраструктура на Косово добија на интензитет и побрза диманика, а со зголемената функционалност на граничните премини на двете страни се потикнува зголемена ефективност. Останува да се заокружи уште патната инфраструктура на територијата на нашата држава, каде поради сеуште активните градежни работи се создаваат долги колони возила што го успорува протокот.

Одделение за информирање при СКСМ


Можеби ќе ве интересира

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета