21 Мај, 2024
0.0273

Ракот може да се лекува и во последен стадиум! Еве докази!

Објавено во: Стил 27 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Рускиот сајт „liveinternet“ објавува една вистинска приказна за исцелувањето на 20-годишно момче, болно од рак во четврти стадиум.

Приказната се повикува на споделененото од Олга Михајлова, лекар-стоматолог и мајка на болниот. Нејзиниот син е болен од рак на 'рбетниот мозок и саркоми. Синот на Олга - Илја, не можел да се оперира и според лекарите на младиот човек му останувале неколку дена.

Илја не можел да оди и воопшто да се движи самостојно. Тежел 40 килограми и бил висок 178 см. Откако медицината останала немоќна, мајката одлучила да се бори за својот син преку методите на народното лекување.

Терапијата започнала со прочистување на организмот преку клизма, за да се неутрализира канцерогената интоксикација. Течноста за клизма ја подготвувале вака: на два литри вода додавааат водна чаша сок од цвекло и една лажица сок од лимон. Терапијата ја правеле два пати дневно во период од десет дена. Цело ова време Илја не јадел ништо, пиел само вода.

По истувањето Олга започнала постепено да го напојува син и - прво со половина чаша сок од портокал, потоа со овошје - јаболка и киви, по неколку дена со пире од компири. Цели три месеци Илја собирал сили за живот, без да прима никакви протеини: мајка му го хранела со овошје, суровини и варен зеленчук со растителни масти и сол. Кон крајот на овој период младичот живнал - почнал да собира сили и да трупа тежина. Метастазите во главниот мозок исчезнувале, но телото на болното момче почнало да отекува. Тогаш Илја споделил со Олга дека се чувствува подобро кога јаде само сурова храна. Дури тогаш младиот човек научил за постоењето на суровојадството и решил да се придржува кон овој систем на исхрана. Во меѓувреме веќе била демантирана прогнозата за блиската смрт; поминале десет месеци, во кои Илја не примал протеини.

Суровојадството се покажало како сериозен тест

Младичот си дал сметка дека е зависен емоционално и физички од готвеното. Имал периоди во кои умирал за варена храна и доаѓал  до неа, но потоа пак се враќал кон суровојадството. Во моментов овој човек живее како заколнат суровојадец - веќе цела година. Туморите и отоците му ги нема, неговата тежина достигнала 78 килограми. Постепено Илја се опоравил до таков степен што може повторно да оди на предавања и да ги продолжи студиите. Кој и да го види не може да претпостави дека пред година-две истиот човек бил на смртна постела, во крајна фаза на рак, осуден. Во исто време Олга, гледајќи го успешното обновување на својот син, ја споделила терапијата и со други болни од рак . На сите кои се заинтересирани за оваа терапија, таа им препорачува прво да се откажат од храна со високо протеинска содржина - млеко, месо, јајца, риба, мешункасти храна. Основа на исхраната се сурови овошје и зеленчук. Овој режим на исхрана треба да се одржува од една до пет години, за да се исклучи појавата на рецидиви. Многу важно во вакви случаи е и верувањето дека ракот може да се третира и дека болниот од рак не е осуден.

Всушност рускиот стоматолог ја применила во третманот на својот син антиканцерогената диета на холандскиот лекар д-р Моерман.

Антиканцерогена диета на д-р Моерман

Темата за ракот за жал се повеќе е актуелна низ целиот свет. Науката напорно работи за надминување на страшните страдања и доказ за напредок во оваа насока се постојаните пораки за успеси како на официјалната, така и на народната медицина.

Многу од лековитите технологии вклучуваат специјални системи на исхрана кои или спречуваат, или придонесуваат за лекувањето на рак.

Такви се системите Ревичи, Герсон, Броис, Ниши, Гоулер, Галина Шаталова и други. Овие системи како по правило се ориентирани кон вегетаријанска исхрана и традиционални прехранбени системи како јога и ајурведскиот медицински систем.

Една од најпопуларните и ефикасни системи на антиканцерогена исхрана е исхраната на доктор Моерман. Како што е добро познато, тој е холандски лекар од минатиот век, кој живеел до 96-годишна возраст. Д-р Моерман докажано им помогнал на стотици луѓе да се излечат од рак.

Потврдено е преку специјални студии дека преку неговиот систем на исхрана од 150 болни од рак  - 115 се излечени целосно. И покрај доказите сепак методот на д-р Моерман не бил признат лесно. Претставници на медицинските кругови ја подложиле на сомнение антиканцерогената диета на холандскиот лекар, тврдејќи ја критиката со тоа дека предметниот систем изгледа премногу едноставен. Таа е премногу обична, лесна за практикување и достапна! Но и покрај тоа преку неа д-р Моерман излекувал не само еден пациент, кој бил опишан од официјалната медицина како безнадежен случај. Признанијата дошле дури во 1987 година, кога холандското Министерство за здравство официјално г одобри метоодот. Теоријата и практиката на д-р Моерман биле одржувани од научни трудови од рангот на Лајонс Полинг кој бил двапати добитник на Нобеловата награда.

Но, со што всушност методот на д-р Моерман е така корисен за човечкиот организам?

Благодарение на него имунолошкиот систем зајакнува, а метаболизмот се стабилизира. Тоа се случува преку природните производи со кои човек се храни редовно. Тоа се овошје, зеленчук, природни сокови, цели зрна. Еве пример како изгледа исхраната на болен човек од рак  по системот на д-р Моерман: за појадок имаме свежо исцеден сок од два портокали и лимон, кришка пченкарен леб - по можност од мелено брашно. Ова може да се наизменично со овесна каша со овошје и зелен чај. За втор појадок може да се земе сок од јаболко и цвекло и овошје. Ручекот е каша од цели зрна, на пример леќа, или кафеав ориз, зеленчук на пареа со малку путер, зелена салата со лимонов сок и маслиново масло, овошје.

Не е тешко да се информираме за системот, но важно е да знаеме не само која е корисната храна - а и кои се несаканите при канцерогени заболувања.

Може да се јаде: суров или варен на пареа зеленчук - грашок, компир, магдонос, бела зелка - вклучувајќи кисело, ревен .

Овошје, природни сокови од овошје и зеленчук - портокал, сок, јаболко, морков, од цвекло. Цели зрна - леб, бисквити од големо мелено жито, ориз. Трици - овесни, пченични, јачменови, пченка.

Уште: жолчка од јајце, мед, билен чај од различни видови, екстра девственото маслиново масло, морска сол.

Не смеат да се земаат: силно кафе и црн чај, мешункаста храна, бел леб и макарони, тестенини од бело брашно, засладени бисквити и колачи, торти, месо и животински масти, чорби од живина или црвено месо, рафиниран шеќер, риба и морска храна, млечни производи - полномасно млеко и мрсни сирења; маргарин, жолчките, печурки и печурки супа, рафинирано растително масло, конзерванси и бои, готварска сол, алкохол, тутун.

Методот на д-р Моерман ужива почит и признание од многу лекари ширум светот, а во неговата татковина Холандија постои асоцијација на неговите приврзаници, која брои повеќе од 10 000 членови.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“