17 Декември, 2025
0.0444

Рама: Јас не би се лутел – Вучиќ: Пропуштена шанса!

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2014 19:59

Добивај вести на Viber

Првата посета на албански државник во Белград по 68-години, на површина само ги исфрли длабоките несогласувања меѓу двете земји околу повеќе суштински прашања, меѓу кои и она за статусот на Косово. Албанскиот премиер Еди Рама не можеше да ја премолчи независноста на Косово иако ова прашање воопшто не било на агендата на средбата. Неговиот српски колега Александар Вучиќ, пак, не му остана должен и му укажа дека за српските власти Косово секогаш било и ќе биде дел од Србија. По инцидентот на говорница, на заедничката пресконференција, Рама се обиде да ја „смири топката“, па во изјава за американската агенција Асошиејтед прес нагласи дека тој не би имал ништо против доколку Вучиќ на пресконференција во Тирана ги изнесе своите ставови за Косово. „Јас би се чувствувал опуштено, бидејќи гостинот има слобода да каже се што ќе посака“, рекол Рама. Според него, неодамнешниот фудбалски натпревар Србија-Албанија, кој беше прекинат заради инциденти, покажал колку се кревки односите меѓу двете земји и му потврдил дека дијалогот е единственото решение. За Вучиќ, пак, заради испадот на албанскиот премиер, посетата е веќе пропуштена шанса за подобри односи меѓу двете земји. „Посетата на албанскиот премиер беше можност за Србија и Албанија да свртат нов лист во односите.Жалам што провокацијата на премиерот Рама резултираше со пропуштање на таа шанса, но би сакале и натаму да соработуваме за доброто на иднината на нашиот регион“, напиша Вучиќ на Твитер, а подоцна слична изјава даде и за Радио Слободна Европа. Средбата на Рама и Вучиќ со внимание се следеше во Косово и во јужните делови на Србија околу Прешево, населени претежно со албанско население. Според поранешниот висок косовски функционер Азем Власи, аналитичар и добар познавач на српско-албанските односи, изјавата на Рама не е изненадување туку „повторување на општопознат и признат факт“. „Еди Рама само го повтори она што е познато и е дефинитивен факт - дека Косово е држава. Србија и премиерот Вучиќ мораат заради својата јавност да речат дека тој факт не го признаваат, но тоа се, во вакви односи, речиси неизбежни декларации за јавност“, смета Власи. Тој проценува дека намерно имало мпроблеми со преводот на изџјавата на Рама за српската јавност да не слушне што тој имал да каже на заедничката пресконференција со Вучиќ. Прешевските медиуми, пак, проценуваат дека Рама поентирал на состанокот во Белград. „Албанскиот премиер однесе со 3:0 на терен на Владата на Србија“, напиша „Прешева Јоне“, алудирајќи на службената победа од 3:0 со која УЕФА го заведе резултатот од прекинатиот натпревар Србија-Албанија во корист на домаќинот. Токму во Прешево утре треба да се обрати Рама, во Домот на културата пред локалното мнозинско албанско население.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата