Ramstore Mall најавува големи промоции и намалувања во рамки на кампањата Back to school
Објавено во: Мои пари 29 Август, 2016 11:16
Oд денес (29.08) идните ученици во рамки на кампањата “Back to school”, во организација на Рамстор Мол ќе можат по промотивни цени да си набават се она што им е потребно за успешен старт на новата школска година. Преку кампањата ќе се промовираат сите актуелни понуди и промоции на брендовите во трговскиот наменети за основците и средношколците. “Крајот на август и почетокот на септември традиционално е во знакот на подготовките на учениците за почетокот на школската година, затоа ние како трговски кој постојано се грижи за своите посетители одлучивме да започнеме кампања преку која на учениците и нивните родители ќе им ја олесниме потрагата по школски прибор и нова гардероба и преку “Back to school” ќе им ги претставиме сите производи од нашите брендови наменети токму за стартот на новата школска година” велат претставници на Рамстор Мол. Богатата понуда ја сочинуваат ранци, училишни прибори во најразлични бои и форми, гардероба и обувки. Од трговскиот центар ги покануваат сите ученици да го посетат Рамстор Мол и да уживаат во шопинг магијата со кампањата “Back to school”.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




