05 Декември, 2025
0.0330

САДНИЦА ЧИНИ 200 ДИНАРИ, А ДОБИВКАТА Е ДО 1,5 МИЛИОНИ: Еве што масовно садат земјоделците во Србија

Објавено во: Агробизнис 19 Септември, 2025 19:17

Добивај вести на Viber

Во време кога земјоделците сè повеќе бараат алтернативни и профитабилни култури, глогот се издвојува како растение со сериозен економски потенцијал, особено на домашниот пазар.

Глогот (Crataegus) е листопадна грмушка или ниско дрво кое успева во умерена клима, па затоа добро се прилагодува на условите во Србија. Освен што е познат по своите лековити својства, особено кога станува збор за здравјето на срцето и крвните садови, ова растение е сè побарувано во фармацевтската и билната индустрија.

Цената на една садница се движи од 200 до 400 динари, а на еден хектар можат да се садат 3.000 до 4.000 садници, во зависност од земјиштето и густината на садење. Првата жетва пристигнува веќе по третата година, додека целосниот потенцијал се достигнува помеѓу 5-тата и 6-тата година. Потоа приносот може да достигне од 3 до 5 тони на хектар, што по сегашните откупни цени (150 до 300 динари на килограм) може да донесе до 1,5 милиони динари приход годишно.

Освен што произведува вредни плодови за чаеви, тинктури, капсули и сирупи, глогот има и дополнителна примена - може да се користи како природна ограда што ги штити посевите, благодарение на своите дебели гранки и трње.

За одгледување се доволни сончево место и пропустлива почва со малку кисела до неутрална реакција. Одржувањето е едноставно - не бара често наводнување, а плодовите се берат на есен, кога добиваат карактеристична црвена боја и слатко-кисел вкус, пишува 24sedam.rs

Поради лесната грижа, зголемената побарувачка и долгорочниот принос, глогот станува една од најперспективните овошни култури за локалните земјоделци.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?