Рашковски потврди дека е во Мексико, ВМРО-ДПМНЕ вели дека и Николовски е на одмор во Дубаи
Објавено во: Македонија 17 Март, 2021 06:56
Драги Рашковски, секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев, потврди дека е на одмор во Мексико и дека не избегал од аферата во која наводно преку Генералниот секретаријат на Владата купувал негов софтвер за сообраќајни прекршоци за МВР.
Рашковски за „Фокус“ потврди дека прв пат по три години оди на одмор и дека тоа го направил во чест на роденденот на неговата сопруга.
Од друга страна вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски се уште се нема одзвано во јавноста, откако синоќа функционери на ВМРО-ДПМНЕ реагираа на натписот на „Нетпрес“ дека тој е на одмор во Дубаи.
Според опозицијата, за време на пандемија, владини функционери не треба да одат на одмор во далечни егзотични дестинации.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




