Добивај вести на Viber
Расположението на инвеститорите во еврозоната бележи голем пораст. „Сентикс” индексот кој го мери расположението на инвеститорите околу економската состојба прејде во позитива за првпат во две години и е подобар од сите прогнози.
Композитниот индекс за зоната на заедничката валута во септември пораснал +6,5 поени што е второ највисоко покачување откако овој индикатор се воведе во 2003 година.
Индексот успева и да навлезе во позитивна територија за првпат од јули 2011 година.