17 Декември, 2025
0.0462

Раст на БДП од 2,9%, градежништвото пораснало над 36%!

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2013 19:09

Добивај вести на Viber

Според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, бруто-домашниот производ во Македонија за првиот квартал годинава има раст од 2,9 проценти во однос на истиот период лани. Според ДЗС пораст има во повеќето сектори, а главна причина за растот во првиот квартал е развојот на градежништво, чии активности се зголемиле за 36,8 отсто. Притоа раст има и во секторите сообраќај, складирање и врски од 2,5 проценти и финансиско посредување,  активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности и други комунални, општи и лични услужни активности за 2,5 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период минатата година, номинално расте за 2,1 проценти, а нејзиното учество во струкурата на БДП изнесува 79,3 проценти. Номинално е пораснат и извозот на стоки и услуги за 0,2 проценти, а увозот на стоки и услуги бележи намалување од 3,1 процент. Табела: Бруто-домашен производ според расходниот метод, волуменски индекси

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје