13 Јануари, 2025
0.0256

Раст на добивката, извозот и инвестициите: Алкалоид со одлични резултати во првото полугодие

Објавено во: Економија 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2019 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 4.138.296.380 денари, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 846.016.625 денари, бележи зголемување од околу 21 отсто, единечната нето добивка изнесува 476.943.692 денари и истата е зголемена за 19%.

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.527.969.892 денари, што е за 15 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 6%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 21%. Од вкупните консолидирани продажби, 34 отсто се остварени на домашен пазар, додека 66 отсто се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 9%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22% и на останатите пазари се остварени 2 отсто од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 208.941.531 денари што е 3 пати повеќе од лани и Русија со продажби од 349.136.633 денари што претставува раст од 95 отсто споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Германија раст од 49 отсто, Бугарија раст од 32 проценти, Украина раст од 31 отсто, Романија раст од 27проценти, Чешка раст од 26 отсто, САД раст од 15 отсто, Косово раст од 15 отсто, Србија раст од 12 проценти, Црна Гора раст од 11%, Словенија раст од 9 отсто итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 86 проценти . Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 22 отсто, Кардиолошките препарати со 16 отсто, Антибиотиците со 15 отсто, Невролошките препарати заземаат 13 проценти од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 14 проценти во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3 отсто, Козметика со 8 проценти и Билкарство учествува со 3 проценти.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 865.953.790 денари бележи раст од 22%, додека нето консолидираната добивка во износ од 460.762.242 денари е зголемена исто така за 22%.

 Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2019 година изнесуваат 421.718.320 денари.

Во периодот јануари - јуни 2019 година во Алкалоид се реализирани 80 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПОБОГАТИ ОД ГЕРМАНЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ: Koи се најбогатите нации во Европа?

ПОБОГАТИ ОД ГЕРМАНЦИТЕ И ФРАНЦУЗИТЕ: Koи се најбогатите нации во Европа?

ПЛАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Кој заработува најмногу, а кој најмалку?

ПЛАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Кој заработува најмногу, а кој најмалку?

ЌЕ СЕ ГРАДАТ НАД 500 НОВИ СТАНОВИ - се намалиле одобренијата, еве кои региони се најпримамливи

ЌЕ СЕ ГРАДАТ НАД 500 НОВИ СТАНОВИ - се намалиле одобренијата, еве кои региони се најпримамливи

УЈП ВО ДЕКЕМВРИ „ДОБРО НАГАЗИЛЕ“ СО КОНТРОЛИ, А ИМАЛЕ И ШТО ДА УЛОВАТ - 80 глоби за неиздавање фискални сметки, а некои вршат и нерегистрирана дејност

УЈП ВО ДЕКЕМВРИ „ДОБРО НАГАЗИЛЕ“ СО КОНТРОЛИ, А ИМАЛЕ И ШТО ДА УЛОВАТ - 80 глоби за неиздавање фискални сметки, а некои вршат и нерегистрирана дејност

„БРИТИШ ПЕТРОЛЕУМ“ ПОТВРДИ: Имаме технички проблеми на гасоводот во Азербејџан

„БРИТИШ ПЕТРОЛЕУМ“ ПОТВРДИ: Имаме технички проблеми на гасоводот во Азербејџан

Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024

Министерство за финансии: За новите автопати исплатени 4,1 милијарди денари во 2024

НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ - еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер

НОВАТА ВЛАСТ ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ ЗА ДА МУ ОЛЕСНИ НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ - еве кои сѐ отстапки ќе бидат направени за стратешкиот партнер

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА НАСКОРО ВЛЕГУВА ВО ШЕНГЕН? Само две членки на ЕУ не се во зоната за слободно движење

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА НАСКОРО ВЛЕГУВА ВО ШЕНГЕН? Само две членки на ЕУ не се во зоната за слободно движење

ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија

ИНТЕРВЈУ САЛВАРАС: Стратешкото партнерство помеѓу Филип Морис Интернешнал и Тутунски Комбинат Прилеп е успешна деловна приказна која има позитивно влијание врз целокупната економија