Расте бројот на заболени во Франција, а Шпанија го врати полицискиот час
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Јули, 2021
Шпанија го враќа полицискиот час.
Мерката е со цел да се спречи наглиот раст на бројот на новозаболени со делта сојот. Некои вакцинални центри во земјата почнаа да работат 24 часа.
Големиот број на новозаболени од коронавирусот во Франција, го натераа претседателот Емануел Макрон, да нареди задолжителна вакцинација на сите здравствени работници до 15 септември. Макрон ги предупреди граѓаните да ги почитуваат препораките и да се вакцинираат, инаку земјата повторно ќе треба да воведе рестриктивни мерки. По неговото обраќање, над 900.000 луѓе во Франција побрзаа да закажат вакцинација.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.