05 Декември, 2025
0.1040

РАСТЕ ПАЗАРОТ НА ЗАКУПИ – повеќе се изнајмува деловен простор, но голем е интересот и за станови и куќи, еве колку се просечните цени

Објавено во: Економија 24 Септември, 2025 09:32

Добивај вести на Viber

Најголем интерес за кирии во нашата земја има за деловни простории, и тие опфаќаат дури 40 проценти од вкупниот број на договори за изнајмување, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини.

Согласно нивниот последен Регистар на цени и закупнини, во вториот квартал се евидентирани 2.347 договори за закуп, при што најголем дел се за деловни простории или 937 договори. За изнајмување станови биле потпишани 639 договори за закупи и тоа се 27 отсто од закупите, додека пак за земјоделско земјиште и шуми имало 352 закупи или 15 проценти. Од вкупниот број закупи 12 отсто се за закупи на куќи или 282 трансакции.

За разлика од купопродажбата на станови и недвижнини, кај закупите се забележува зголемување на регистрирани закупи. Имено во вториот квартал имало 20 закупи повеќе споредено со првиот квартал, кога биле реализирани 2.327 закупи.

Во вториот квартал се закупени недвижнини со површина од 3.519.532 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 59.381.143 денари.

Најмногу се закупува земјоделско земјиште, а најголема цена на месечна закупнина е достигната за деловни простории. 

Најголем интерес и најголем број на издадени станови и останати недвижнини има во Скопје, поточно во општина Центар, па следува Карпош, па Битола. Малку зад нив се Струмица и општина Аеродром, па Кисела Вода.

Од друга страна има општини во земјава каде воопшто не се изнајмени ниту станови, ниту деловен простор или пак земјиште. Станува збор за општините Вевчани, Зелениково, Јегуновце, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

-  Во изминатиот три месечен период во општините Вевчани, Зелениково, Јегуновце, Старо Нагоричане и Центар Жупа нема регистрирано договор за закуп на недвижности во Регистарот на цени и закупнини. Исто така има 4 општини каде има регистрирано само по еден закуп. Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар, и тоа 268 закупи, па во општина Карпош 178 закупи и во општина Битола се регистрирани 163 закупи – се потенцира во Регистарот на Агенцијата за катастар. 

Податоците на Катастар покажуваат дека највисока цена за закуп на станбен простор има во општина Центар во Скопје, каде таа изнесувала 377 денари за метар квадратен, па следува Карпош со 339 денари за метар квадратен.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“