РАСТЕ СИРОМАШТИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА - 13,8 милиони граѓани на раб на преживување
Објавено во: Економија 20 Декември, 2022
Германија е на пат да стане „држава на питачи“, предупредува германскиот социолог Улрих Шнајдер во интервју за магазинот „Фокус“.
Брзиот раст на цените на енергијата и зголемените животни трошоци се закануваат со „колапс“ на општеството, што може да има драматични последици за Германија, рече тој.
- Наглиот пораст на трошоците за живот доведе до зголемување на сиромаштијата во Германија. Луѓето кои се некако сиромашни станаа уште посиромашни, куповната моќ им се намали уште повеќе, веќе не знаат како можат финансиски да живеат еден месец - предупреди социологот. Тој исто така истакнал дека и припадниците на средната класа почнуваат да доживуваат тешкотии.
- Нема резерви. Скршена машина за перење или возило на кое му треба поправка може брзо да се претвори во катастрофа - објасни Шнајдер. За оние кои сè уште „лебдат“, вели тој, вознемиреноста поради кризата полека се претвора во „вистински страв“, додека за многу од сиромашните, стравот се претвора во „чист очај“.
- Германија со децении беше модерна социјална држава. Не смееме да дозволиме тивко да се претвори во состојба на питачи, бидејќи на сиромашните не им го даваме тоа што им треба - потенцира експертот.
Во исто време, тој ја критикуваше германската коалициска влада, обвинувајќи ја дека луѓето со средни и високи примања имаат корист од мерките за поддршка, додека најсиромашните слоеви од населението се „фрлени во неволја“.
Западот го зголеми притисокот на санкциите врз Русија по почетокот на специјалната воена операција. Ова доведе до повисоки цени на струјата, горивото и храната во Европа и во САД. Владимир Путин политиката на задржување и слабеење на Москва ја нарече долгорочна стратегија на западните земји. Според него, санкциите нанесоа сериозен удар на целата глобална економија. Шефот на руската држава истакна дека главната цел на Западот е да ги влоши животите на милиони луѓе.
Инаку како што пишува Фокус, рекордно ниво на сиромаштија во најсилната европска економија е забележано уште пред почетокот на наглиот раст на цените повикувајќи се на зборовите на експертот Улрих Шнајдер.
Според Шнајдер, наглото зголемување на трошоците за живот доведува до осиромашување на германското население.
Шнајдер потсети дека и пред наглиот раст на цените, во Германија е забележан рекорден број сиромашни - 13,8 милиони луѓе. Според експертите, актуелната криза може да доведе до тоа уште 12 милиони граѓани да паднат во категоријата сиромашни. Шнајдер забележува дека многу луѓе немаат финансиски заштеди: експертот верува дека, доколку не се преземат мерки, германското општество ќе биде во опасност од распаѓање.
Во исто време, експертот ги критикуваше постапките на владата: според него, мерките што ги преземаат властите се корисни само за луѓето со високи примања, а најсиромашните делови од населението се оставени сами на себе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.