РАЗДВИЖЕНО ВО УЈП: Фирмите трчаат по уверенија за да аплицираат за кредити
Објавено во: Економија, Корона Вирус 26 Март, 2020 17:46
Кредитите од Развојна банка создадоа метеж пред канцелариите на Управата за јавни приходи, по што оваа институција одлучи да го продолжи работното време.
Развојната банка вчера најави бескаматни кредити за мали и средни претпријатија. Денес фирмите почнаа да вадат уверенија кои им се потребни за да ги добијат кредитите.
Од УЈП најавија дека ќе го продолжат работното време за прием на странки во регионалните дирекции, одделенија, шалтери и ќе работат од 8 до 14 часот.
Од УЈП треба да се добие уверение за платени даноци и придонеси.Фирмите до 10 вработени може да земат бескаматен кредит од 3 до 5 илјади евра, оние со 10 до 50 вработени – 10 до 15 илјади евра, а компаниите со 50 до 250 вработени – 15 до 30 илјади евра.
Поддршката е за секторите угостителство, туризам и товарен транспорт.
Вака одлука донесе Владата.
Кредитот ќе се отплаќа две години со грејс период од шест месеци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





