19 Декември, 2025
0.0498

Разладете ги летните денови со неверојатната промоција на Samsung фрижидерите

Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2022 15:52

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics подготви специјална летна промоција  на врвните фрижидери со промотивен попуст и петгодишна гаранција. Разладете се со освежителен пијалок или ладен десерт со некој од избраните фрижидери и уживајте во летото со полни гради!

Кога летните горештини ќе го исполнат нашиот ден, не постои ништо подобро од чаша леден напиток за вистинско уживање. Samsung Electronics подготви вистинско освежување во форма на одлична понуда на безвременските Samsung фрижидери Разладете ги летните денови со сјајната понуда на економични, а истовремено неверојатно моќни Samsung фрижидери. Изберете ја добитната комбинација со попуст до 12 000 денари и 5 години гаранција. Промоцијата ги вклучува моделите RB7300 Bespoke фрижидер, фрижидерот со две врати RF9000AC-BSC и фрижидерот RS8000NC-8.

Фрижидерот RB7300 со замрзнувач на дното се одликува со елегантен дизајн, достапен во 6 различни бои, благодарение на што вашиот фрижидер идеално ќе се вклопи во стилот на просторот во кој се наоѓа. Покрај атрактивниот и приспособлив дизајн, овој фрижидер се карактеризира и со голем број иновативни технологии како што се дигиталната инвертер технологија и функцијата NoFrost која ја подобрува циркулацијата на воздухот, ја одржува истата температура и со тоа спречува формирање на мраз.

За оние кои никогаш немаат доволно простор во фрижидерот, фрижидерот со две врати RF9000AC-BSC е вистинско решение. Пространата внатрешност и двојната машина за мраз ќе се погрижат секогаш да имате доволно простор за омилените храна и пијалаци, дури и кога организирате големи забави за семејството и пријателите.

За оние на кои енергетската ефикасност и звукот на уредот им се апсолутен приоритет, елегантниот фрижидер RS8000NC-8 со SpaceMax™ технологијата е вистинскиот избор. Со импресивен капацитет од 652 литри, овој фрижидер е опремен со најсовремени технологии како што се PowerCool и PowerFreezе за брзо ладење и замрзнување, додека дигиталнатаинвертертехнологија гарантира дека фрижидерот ќе троши онолку енергија колку што му е потребно, но со многу помалку бучава.

Покрај промотивниот попуст, како дел од промоцијата имате право и на гаранција од 5 години. За го  да остварите правото на5 години гаранција, потребно е да се регистрирате на интернет-страницата samsung5godinigarancija.mk најдоцна до 30 дена од датумот на купување.

Повеќе информации околу Samsung фрижидерите и актуелната промоција може да најдете на https://www.samsung.com/mk/offer/cooling-promo-2022/. Промоцијата трае од 20.6 до 17.7.2022 годинаили до истек на залихите.

###

За SamsungElectronicsCo., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com

* ПР - објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка