РАЗМИСЛУВААТ ЗА ЛОКАЦИЈА: Mузеј на УЧК ќе се гради во Арачиново
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2023 15:56
Mузеј на УЧК ќе се гради во Арачиново.
Oва е ветувањето на градоначалникот Ридван Ибрахими. Тој во изјава за ТВ 21 вели дека изградба на музеј на УЧК во Арачиново е едно од неисполнетите ветувања.
Кажа дека допрва ќе треба да изберат локација за музејот. Веќе има неколку места како опција, од кои две се гробиштата на паднатите борци и објектот на поранешната општина.
Доколку Ибрахими го реализира ветувањето, тоа ќе биде уште еден музеј посветен на поранешните припадници на ОНА.
Во Арачиново во 2005 година бесправно е изграден меморијален центар за загинатите припадници на поранешната ОНА. Музеј на ОНА има и во липковското село Слупчане.
„Арачиново е 100 отсто село со етнички Албанци во Македонија и таму Македонци малку се движат. Илузорно е таму изградба на споменик на бранителите и невозможно е. Таква е состојбата. Достоинство само одеше 15 години на заседата кај Вејце. Последните две години се охрабрија да дојдат и други авторитети“, изјави претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Вели дека денес меѓуетничките односи се на повисоко ниво и многу малку има напнати моменти.
Фото: Фејсбук Ридван Ибрахими
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




