Разорен земјотрес повторно ја погоди оваа земја
Објавено во: Свет 11 Декември, 2017
Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди иранската провинција Керманшах, во близина на границата со Ирак.
Сеизмолозите од универзитетот во Техеран јa утврдија јачината на денешниот потрес на 6 степен според Рихтеровата скала, а според американската геолошка служба станува збор за 5,4 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил во Халабџа, Ирак, околу 20 км. северно од иранскиот град Есгелех.
Земјотресот не предизвикал материјална штета и човечки жртви.
Но, земјотресот создаде паника кај локалното население, затоа што пред еден месец потрес со јачина 7,3 степени го погоди истиот регион, при што загинаа 620 лица во Керманшах.
Во 2003 година во земјотрес во јужниот град Бам настрадаа 26.000 луѓе.