18 Декември, 2025
0.0515

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ: Се најде на црната листа на САД заедно со Артан Груби

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2025 10:24

Добивај вести на Viber

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети кој беше судија на скопска Апелација.

Судскиот совет на Република Северна Македонија по спроведена постапка за утврдување на одговорност на судијата Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд Скопје на седницата одржана на ден 26.05.2025 година донесе Одлука со која судијата Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд Скопје се разрешува од вршење на судиската функција. Одлуката на Судскиот совет беше обжалена од страна на судијата Енвер Беџети до Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија“, велат од Судскиот совет.

Посочуваат и дека откако Беџети ја обжалил одлуката пред Врховниот суд, повторно ја донеле истата одлука.

„Одлуката на Судскиот совет беше обжалена од страна на судијата Енвер Беџети до Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија. Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 03.09.2025 година донел решение ОСЖ-4/25 со кое ГО ПОТВРДУВА решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 26.05.2025 година . Решението на Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Врховниот суд на Република Северна Македонија со кое е одлучено по жалбата поднесена од Енвер Беџети судија на Апелациониот суд Скопје е доставено и примено од Судскиот совет на ден 22.09.2025 година“, информираше Судскиот совет.

Велат дека Судскиот совет има законска обврска одлуката за разрешување на судија да ја објави на својата веб страна и во “Службен весник на РСМ“ по правосилно завршување на постапката.

„Одлуката за разрешување на судијата Енвер Беџети, Судскиот совет на Република Северна Македонија ја објави на својата веб страна и во “Службен весник на РСМ“ бр. 197/25 од 24.09.2025година“, информираа од таму. 

Беџети, заедно со бегалецот и поранешен вицепремиер Артан Груби беше ставен на црната листа на САД, по што Јавното обвинителство отвори предистрага. 

Во својата одбрана пред Комисијата во Судскиот совет, тој кажа дека против него нема кривичен прогон, а самата црна листа не е обврзувачки документ во Македонија.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија