РАЗРЕШЕНИОТ ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ СТАФА, ЕСК ЧЛЕН НА ДКСК, ПРАВНИК КОЈ ЗАВРШИЛ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА МЕРКО: Еве кои се кандидатите за нов Народен правобранител
Објавено во: Македонија 31 Јули, 2025 12:05
Собранието ги објави имињата на сите 17 кандидати за Народен правобранител, кои аплицираа за позицијата откако доскорешниот, Насер Зибери замина во пензија. За негов наследник аспирации имаат повеќемина, меѓу кои раководител на Одделение за поддршка на Советот на Општина Куманово, Фехми Стафа, државниот правобранител кој беше разрешен, правник кој завршил студии во Меѓународниот универзитет во Струга, кој беше во сопственост на синот на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, член на комисијата за помилување кај претседателката Сиљановска, како и поранешниот член на антикорупциската комисија, Шемси Салаи.

Еве дел од кандидатите:
Илир Руфати, кој членувал во Партијата за демократски просперитет, но и во програми на УНДП, од 2019 година вработен кај Народниот правобранител, прво како заменик, а потоа како овластено лице. Станал правник, а потоа и Магистер по правни науки на Меѓународниот универзитет во Струга, кој беше во сопственост на семејството Мерко.
Аљбан Кадриу од 2007 година до 2008 година работел во Владата. Потоа, бил вработен во МВР, каде работи до денес. Студирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде во 2012 година магистрирал.
Народен правобранител сака да биде и Светислав Јовановски, правник кој почнал со работа во Основниот суд во Куманово, а сега е раководител на Одделение за поддршка на Советот на Општина Куманово.
За позицијата, своја кандидатура поднел и Шемси Салаи, најпознат како член на претходниот состав на Државната комисија за спречување на корупција.
Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, кого владата во 2022 година го разреши, а тој во истиот момент си поднесе оставка.
Доан Сулејманоски пак, е член на Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова. Кандидатура поднел и Дритон Небиу, шеф на кабинет на претседателот на Собранието.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




