19 Септември, 2024
0.0243

РЕАКЦИИ ПО ПРЕСУДАТА ЗА МЛАДИЌ: За едни патриот, за други злосторник

Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

По пресудата за доживотна казна затвор за командантот на војската на босанските Срби Ратко Младиќ имаше реакции во регионот, но и пошироко.  

Хашкиот суд немаше цел да постигне помирување туку да докаже дека Србите се единствени виновници во претходните граѓански војни на просторот на поранешна Југославија, изјави српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ. 

„Хашкиот суд го завршува своето постоење на истиот начин на кој цело време постоеше, а тоа е дека немаше за цел да постигне меѓусебно помирување туку да докаже дека Србите биле виновни и дека тие се единствени виновници во претходните граѓански војни на просторот на поранешна Југославија“- рече Дачиќ за „Танјуг“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доживотната казна на Меѓународниот трибунал во Хаг против генералот Ратко Младиќ за геноцид била очекувана, но може да биде обжалена.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека за српскиот народ, генералот Ратко Младиќ е вистински херој и патриот.

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, по повод пресудата изрази надеж дека таа ќе донесе освестување. Тој додаде дека е уверен дека мнозинство босански Срби не се поистоветуваат со Ратко Младиќ и дека не ги оправдуваат неговите дела.

Во своето обраќање Изетбеговиќ уште еднаш ги повтори сите точки од обвинението по кои Младиќ е осуден на доживотна казна затвор нагласувајќи дека тоа го прави намерно за сите да се соочат со тоа.

„Судијата рече дека Младиќ во светот ќе остане запаметен како злосторник. Изразувам длабоко сочувство со жртвите на здружениот злосторнички акт во кој Младиќ беше извршителот“- рече Изетбеговиќ.

Британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон изјави дека пресудата за Ратко Младиќ покажува дека сторителите на ужасни злосторства не можат да побегнат од правдата.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ПРЕТСТАВЕН КАКО ЛИК ОД ЦРТАН ФИЛМ: Се фали што направил во Србија

ВУЧИЌ ПРЕТСТАВЕН КАКО ЛИК ОД ЦРТАН ФИЛМ: Се фали што направил во Србија

КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: За три години потрошиле 250 милиони евра

КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: За три години потрошиле 250 милиони евра

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

ЕВЕ КОИ ПРЕКРШОЦИ ГИ ЕВИДЕНТИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ КАМЕРИ: Ако ве закачи камерата во Белград, ова се казните што ќе мора да ги платите

ЕВЕ КОИ ПРЕКРШОЦИ ГИ ЕВИДЕНТИРААТ СООБРАЌАЈНИТЕ КАМЕРИ: Ако ве закачи камерата во Белград, ова се казните што ќе мора да ги платите

ГО СЛУШНАЛЕ ДЕКА ЗБОРУВА СРПСКИ: Албанци нападнале српски дипломат во Германија

ГО СЛУШНАЛЕ ДЕКА ЗБОРУВА СРПСКИ: Албанци нападнале српски дипломат во Германија

ДЕСЕТ ДРЖАВИ ЈА НАДМИНАА ГРЦИЈА: Од Грците во ЕУ се посиромашни само Бугарите

ДЕСЕТ ДРЖАВИ ЈА НАДМИНАА ГРЦИЈА: Од Грците во ЕУ се посиромашни само Бугарите

ДУНАВ ЌЕ ПОРАСНЕ 6 МЕТРИ! Хрватска се подготвува за опасен бран од Европа

ДУНАВ ЌЕ ПОРАСНЕ 6 МЕТРИ! Хрватска се подготвува за опасен бран од Европа

ДОАЃА ТЕШКА ЗИМА - синоптичарите од соседството предупредуваат: ќе биде „мини ледено доба“, ова не се случило 60 години

ДОАЃА ТЕШКА ЗИМА - синоптичарите од соседството предупредуваат: ќе биде „мини ледено доба“, ова не се случило 60 години

ПОЛИТИКАТА НА СОРАБОТКА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАМРЗНАТА: Еве што вели претседателот на пратеничката група на СИРИЗА

ПОЛИТИКАТА НА СОРАБОТКА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАМРЗНАТА: Еве што вели претседателот на пратеничката група на СИРИЗА