Редуцирање на линии, но и откази за вработени – ова ги чека превозниците
Објавено во: Економија 11 Март, 2022 07:53
Компaниите кои се занимаваат со превоз на патници, или веќе редуцираат линии поради високите цени на нафтените деривати, или пак најавиле дека ќе отпуштаат работници.
Сите будно следат што се случува на берзите, и како се движат цените на нафтата. Велат дека ако наскоро состојбата не се нормализира, ќе мора да преземат мерки. Кај некои од овие компании има доза на оптимизам, а други пак не веруваат дека кризата во Украина брзо ќе се реши и дека цените на нафтата ќе се вратат во нормала.
„За сите е многу тешко, и тие нагли промени на цената се случија одеднаш, така што тоа не можеше да се планира. Ние имаме договори, и не можеме туку така да се откажеме од работа. Една недела секој може да издржи, но да се надеваме дека брзо ќе се реши кризата и дека сѐ ќе се врати во нормала, ако не ќе мора заеднички да бараме некое решение“, велат од битолска компанија за превоз на патници.
Од друга компанија за превоз од соседниот град Прилеп, објаснуваат дека ако за 15 дена не се стабилизираат цените на нафтата и не се покачат цените за превоз, ќе следат откази.
„Од кај мене ќе останат без работа 4 возачи. Две недели работиме со загуба, а ако вака продолжи планирам да ја затворам фирмата“, додава сопственик на фирма од Прилеп.
Дел од селата во земјава остануваат делумно отсечени, со тоа што бројот на автобуски линии е преполовен, иако цените на билетите беа коригирани неодамна.
Од компанијата „Штуз“ од Куманово велат дека ова е енормен ценовен шок, кој директно ги погодува и буквално не знаат што носи следниот ден, и по која цена ќе се продаваат нафтените деривати.
„Ние имаме опција да намалиме, редуцираме линии или да ја зголемиле цената на возниот билет, што пак ќе придонесе за помалку патници во автобусите, а како трета опција би било да има субвенции од државата или од општините сега и веднаш, со цел полесно да го поминеме овој кризен период“, додаваат од „Штуз“
Многу компании за превоз на патници, тврдат дека поради пандемијата на коронавирусот, две години работеле со загуба, а сега се соочуваат со високи цени на нафтените деривати.
Цените сега се менуваат на дневна основа, а изнесуваат скоро 100 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донела одлука за намалување на маржите за трговците за 33 отсто, односно од 4,5 на 3 денари за литар за да се амортизира крајната цена.Од РКЕ ги повикуваат трговците на трпеливост и солидарност и најавуваат дека маржата ќе им биде вратена веднаш кога ќе се создадат услови за тоа.
Воведувањето нова маржа за трговците со горива, ќе ги принуди сопствениците да ги затворат бензинските станици во источниот дел на државата, тврдат самите.На светските берзи, цената на нафтата доживеа пад во средата, но неизвесно е како понатаму ќе се тргува.
Сања Атанасовска
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




