Добивај вести на Viber
Со нов пакет-реформи ќе се подобрува демократијата во Турција. Ова денеска го изјави урскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган. Според него, мерките кои ќе бидат изнесени пред јавноста за десетина дена, ќе значат и, како што кажа, исполнување на голем број од барањата на турскиот народ.
Новите реформи, освен да ја зајакнат демократијата во земјата, треба да помогнат и во мировниот процес за прекин на конфликтот со Курдите, информира висок претставник на владејачката Партија на правдата и развојот
Истовремено, голем дел од курдските политичари бараат да биде одобрено образованието на курдски јази во Турција, да се ограничат антитерористичките закони но и да се донесат изборни промени, пишуваат турските весници.