Добивај вести на Viber
Преговорите за членство во ЕУ, во најдобар случај, доколку Србија успешно гради партнерство со земјите на ЕУ ќе трае 4 до 5 години, вели српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Ако работите не се одвиваат на тој начин, преговорите може да траат и цела деценија, изјави Дачиќ.
Тој оптимизмот го црпи од фактот дека и самата ЕК констатирала дека Србија во многу области може да ги достигне европските стандарди за 5 години.
Објаснувајќи дека Советот на ЕУ безусловоно ги отвори пристапните преговори со Србија, Дачиќ рече дека актуелната Влада, за разлика од претходните направила историски чекор во евроинтеграциите, затоа што го правела тоа што го ветувала, и затоа што имала храброст за големи и ризични одлуки.
Ван Ромпуј: Историска одлука на ЕУ
Одлуката да се отворат пристапните преговори со Србија е историска рече претседателот на европскиот совет Херман Ван Ромпуј. Цел на советот не е да додава нови услови, туку да го потврди договорот во рамки на преговорите, за кои ќе се согласат министрите.