Регрутираат македонски дрвосечачи за работа во хрватските шуми
Објавено во: Економија 27 Јули, 2021 07:02
Македонски дрвосечачи можат да аплицираат за работа во Хрватска.
Тие во наредниот период ќе бидат ангажирани во државните шуми во Хрватска. Се работи за група од 20 луѓе, но во иднина можно е да се бараат уште вакви кадри. Понудата е примамлива затоа што се нудат високи плати.
„Прво ќе пратиме 20 луѓе, но се надеваме дека ќе има и други групи понатаму. За прв пат добиваме ваква понуда, има барање за вработување на дрвосечачи. Сместувањето е платено, а платите се од 1.000 до 3.000 евра, зависно од тоа дали ќе работат само на сеча на дрва, или ќе помагаат за транспорт на дрвата со трактори. Се јавуваат луѓе, и тоа претежно со искуство. Тоа се луѓе кои веќе работеле овде, но не се задоволни. Олеснителна околност за оние кои ќе заминат е сместувањето кое е платено“, вели Марија Велковска, менаџер во агенцијата за посредување за работа во странство 44 Energy and Staff од Скопје.
Луѓето кои работеле на сеча на дрва во земјава објаснуваат дека тоа е тешка работа, но може и добро да се заработи.
„Работата во шума е една од најтешките. Сум работел пред неколку години кај нас, и сметам дека добар дрвосечач може добро да заработи, но сепак треба да се има в предвид дека е потребно време да се отиде в шума, има и терени кои не се многу пристапни, и колку што време се троши за сеча, уште толку време е потребно за товарање и транспорт на дрвата. За Хрватска, разликата во стандардот си го прави своето. Во Хрватска можеби се работи поорганизирано за разлика од кај нас, а платите се добри и се исплати таму да работите, а овде да трошите. Добро е тоа што на работниците им е платено сместувањето и тоа е голема предност “, вели Александар Ангеловски, кој работел на сеча на дрва.
Недостиг на работници веќе се чувствува и во одредени краеви на нашата земја. Во Малешевијата сѐ потешко се наоѓаат луѓе за сеча на дрва, а дневниците се движат од 1.200 до 2.000 денари.
Сања Атанасовскаfoto unsplash.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





