15 Декември, 2025
0.0471

РЕГУЛАТОРОТ ДАДЕ „ИЗИМ“, ПОНУДУВАЧОТ ГИ ИМА ПАРИТЕ, АКЦИОНЕРИТЕ СЕ НА ПОТЕГ - како ќе одлучат другите сопственици на РЖ „Економика“

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Регулаторот ја даде дозволата, понудувачот си ги подготви и си ги тргна настрана парите предвидени за таа намена, сега на ред се акциконерите да одлучат.

Имено, Комисијата за хартии од вредност дала одобрение кавадеречката компанија ГМЛ Кавадарци да даде понуда за преземање на сите акции на РЖ Економика.

На акционерите им се нудат по 50 денари за акција, а понудата ја дава компанија која поседува 40 отсто од капиталот. Понудувачот не дал праг на прифатен процент на акции кој би се пропдал, за понудата да се смета за успешна.  

„Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на Друштвото за производство, трговија и услуги ГМЛ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци му се издава дозвола за давање понуда за преземање на Рудници и железарница Економика Акционерско друштво за трговија, финансиско посредување, изнајмување на имот и деловни активности - Скопје. Понудата за преземање се однесува на 320.925 обични акции со право на глас издадени од РЖ Економика АД Скопје. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 50 денари по акција. Согласно Понудата за преземање, преземачот не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна“, се вели во објавата од Комисијата за харии од вредност.

Фактор веќе пишуваше за намерата да се даде оваа понуда. Објавивме дека кавадаречката фирма ГМЛ која е најголем поединечен акционер во РЖ Економика нуди да ги купи акциите по највисока годишна пазарна цена која изнесува 50 денари за акција.

Кавадаречката компанија ГМЛ кон крајот на декември лани стана најголем поединечен акционер во РЖ „Економика“ и сега поседува 40,04 отсто од сите акции со право на глас, а втор најголем акционер е скопск „Макстил“ кој има во своја сопственост 20,1 отсто од акциите, додека, пак, трет најголем акционер е скопската фирма „Фирст Поинт МН“ која располага со 8,08 отсто од акциите.

Според официјалните податоци од Централниот депозитар во РЖ „Економика“ има точно 3.155 акционери домашни физички лица, кои заедно поседуваат 28,92 отсто од акциите.

Сега се тие, заедно и со двете компании, односно Макстил и Фирст Поинт МН, практично на потег. Однсоно, сега имаат можност да одлучат дали ќе ги продадат своите акции или ќе останат и понатаму акционери.

Со оглед на фактот што даде намера за јавна понуда, сега кавадаречката компанија ќе депонира над 261.000 евра со кои се гарантира дека ќе бидат платени сите акции што ќе бидат запишани за продажба.

Фактор веќе пишуваше дека ако „Макстил“ одлучи да ги продаде сите свои акции во РЖ Економика за тоа ќе наплати 87.000 евра. Околу 37.000 евра, пак, се резервирани за третиот најголем акционер односно „Фирст Поинт МН“ доколку реши да ги продаде своите акции. А, за оние 3.155 акционери домашни физички лица има 137.000 евра депонирани пари, и нив би им припаднал дел соодветен на количината односно процентот на акции со кои располагаат.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност