26 Ноември, 2024
0.0312

Рекорден буџетски минус со новиот ребаланс: Ќе се покрива со домашен заем

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Точно 8,4 проценти од БДП ќе изнесува буџетскиот дефицит со вториот ребаланс на буџетот годинава чиј предлог Владата го усвои синоќа на попладневната седница. Ова е рекорден минус во државната каса и е последица на значајното зголемување на трошоците на државата односно зголемувањето на расходната страна на буџетот во услови на намалување на собраните приходи. 

Во услови на пандемија и економска криза ова е цената на преземените економски мерки за помош на реалниот сектор и на граѓаните. Во првичниот буџет кој Владата го кроеше за годинава, уште лани пред Ковид-19 буџетскиот дефицит изнесуваше 2,3 отсто од БДП или 17,385 милиони денари (282,6 милиони евра). Со првиот ребаланс во мај буџетот беше зголемен, па дефицитот се наголеми на 46,180 милиони денари ( 751 милион евра) или 6,4 проценти од БДП. Сега минусот кој е всушност разлика меѓу буџетските расходи и приходите ќе изнесува 8,4 проценти од БДП. Сепак синоќа Владата не соопшти за колку во апсолутни бројки се зголемува буџетот, односно за колку планира да ги зголеми расходите. Парите кои ќе недостигаат, беше соопштено, ќе се покриваат со задолжување, ама на домашниот пазар. Владата годинава веќе позјами пари надвор со издавање еврообврзница вредна 700 милиони евра. 

„Согласно финансиските показатели проекциите покажуваат дека дефицитот во Буџетот ќе изнесува 8,4 проценти заради растот на расходната страна во која со најголем процент учествуваат мерките за ублажување на економските последици предизвикани од пандемијата со КОВИД-19. Приходната страна на Буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар, соопштија синоќа од Владата.

Оттаму уверија дека со ребалансот на Буџетот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и дека тие ќе се исплаќаат редовно.

Во синоќешното соопштение не беа кажани и други детали, овој предлог ќе оди на усвојување во Собранието.

Инаку сега, пред да е усвоен ребалансот, вкупните расходи на буџетот изнесуваат 242.948.000.000 денари или 3,950 милијарди евра, а приходите се 196.768.000.000 денари или 3,199 милијарди евра.

Презентирајќи го четвртиот сет антикризни мерки премиерот Зоиран Заев минатата недела соопшти дека Македонија ќе треба позајми пари за да ги сервисира обврските годинава. Четвртиот пакет мерки вреди 470 милиони евра од кои 100 милиони евра се во кредити од Европската инвестициска банка, кои ќе се доделуваат преку Развојната банка на Македонија. Дел се ослободувања кои нема да имаат финансиски импликации, а вкупно 160 милиони евра се од буџетот.

„Водиме комплетна грижа за јавниот долг. Оваа година доспеваат најмногу обврски за отплата или вкупно 1,147 милијарди евра. Редовно ги враќаме обврските, но заедно со министрите правиме пакети да го поддржиме стопанство, рече Заев.

Тој рече дека не може да се пресмета колку ќе се зголеми јавниот долг со новото задолжување. На крајот на вториот квартал изнесува 59,5 проценти од БДП.

Инаку синоќа не стана јасно и колкав економски раст предвидува со овој ребаланс Владата. Првично, со ребалансот во мај беше прогнозиран пад на економијата од 3,4 проценти.

Александра Томиќ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро