19 Декември, 2025
0.0483

Рекордна лото премија израдува многучлено семејство

Објавено во: Мои пари 14 Март, 2014 11:36

Добивај вести на Viber

Преставници на Државна лотарија на Македонија се запознаа со добитникот на рекордната премија - 7ка вредна 22.601.966,50 денари (околу 365 илјади евра). „Станува збор човек кој е дел од многубројно среќно семејство, кој сакал да остане анонимен, а по насмевките на целата семејна екипа, ние заклучивме дека добивката е во вистински раце, па веруваме дека добиената сума навистина ќе им помогне да си го променат својот живот на подобро“, информираат од Државната лотарија. Среќниот играч бил долгогодишен лото играч. Тој секогаш уплаќал бројки по сопствен избор, освен во последната ситуација која му беше добитна. За првпат уплатил 6 комбинации со квик пик, односно бројките му ги избрал комјутер. Уплатил 6 комбинации по 15 денари со вкупна уплата 90 денари, а токму првата била добитна, додека во останатите комбинации нема ниту една друга добивка. Среќниот добитник своето среќно Новолото ливче го уплатил во продажното место Алберто А во скопски Чаир. Оваа рекордна премија, по неполна година, се реализираше во месец март. Според статистиките на Државна лотарија на Македонија ова досега е рекордна вредност на најпосакуваната премија, а беше извлечена во 18тото коло на Новолото, емитувано на 01.03.2014 година. Државна лотарија на Македонија на 03.05.2010 го реализираше извлекувањето на првото коло на играта на среќа НовоЛото 7/34. Првата 7ка од почеток на приредувањето на играта на среќа падна на 10ти мај 2011,  во 37-мото коло и вредеше 344 000 евра. Дамите добитнички на премијата 7ка, одлучија да го откријат својот идентитет пред јавноста.  Прва тоа го стори Риса Димова, добитничката од Битола на третата 7ка од играта на среќа НовоЛото 7/34. Таа својот идентитет на јавноста и го откри како гостинка на Игор Џамбазов во емисијата Џамбо Бинго.  Другата дама е Даниела Тасева Цветкова- добитничката на 7ката во Ново Лото 7/34. Таа својот идентитет пред медиумите го откри на  отворање на Втората младинска куќа на СОС Детското село во Бардовци. Таму на иницијатива на Државна лотарија на Македонија се обезбедија мебел и бела техника, како и други електрични апарати во вредност од над 11.000 евра за младите во оваа куќа да можат да го почнат својот живот. Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии