Рекордни загуби на турската берза поради антивладините протести
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2013
Загриженоста на инвеститорите, по ширењето на протестите, доведе вчера до пад на главниот индекс на турската берза за 10,47 отсто, а приносите на двегодишните обврзници се зголемија за рекордни 71 поени, на 6,78 отсто, објави „Фајненшел тајмс“.
Од почетокот на протестите берзата изгуби 15 отсто и сега е на 1,6 отсто пониска вредност отколку во почетокот на оваа година.