08 Октомври, 2024
0.0268

Ректорот Јанкуловски со реакција до ДКСК: Се прави обид за нарушување на мојот углед

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со соопштение до јавноста реагира на изнесеното од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Реакцијата ви ја пренесуваме целосно:

„Официјалното соопштение на Државната комисија за спречување на корупцијата изнесено на прес конференцијата одржана на 12. 8. 2019 година во врска со моето вршење на должноста, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, го примив со неверување.

Сè до финалната правна разрешница на неиздржаната инсинуација со која се прави обид да се наруши мојата чест и авторитет како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и редовен професор на Медицинскиот факултет во областа на дигестивната хирургија, дозволете ми повторно да го изразам моето неверување и да поставам отворено прашање согласно кој член од кој пропис (Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси) и бројните законски и подзаконски акти кои ја регулираат работата и дејноста на УКИМ, ДКСК ја детектирала корупцијата, согласно кој член од кои прописи го утврдила судирот на интереси, или согласно кој член од кој пропис земањето плата и функционален додаток на плата кој не е плата преставува корупција или судир на интереси?

Ја користам оваа прилика на јавноста да го соопштам следново:

1. Ректорот за да може да биде ректор најпрвин треба да биде професор. За да биде професор на Медицинскиот факултет треба да има двоен работен однос на соодветната клиника и на Медицинскиот факултет. Ова е регулирано со Законот за здравствената заштита, Законот за високото образование, Анексот на Колективниот договор (Службен весник на Република македонија бр. 33/2011), Спогодба помеѓу Медицинскиот факултет и Клиниката за дигестивна хирургија  од 21.4.2009 година, и Договорот со Сенатот на УКИМ од 2016 година. Сите професори по клиничките предмети на Медицинскиот факултет имаат двоен работен однос.

2. Професорите на клиничките предмети согласно наведените прописи земаат една плата од два работодавци,  од Медицинскиот факултет и од соодветната клиника. Тоа што ректорот го прима од Ректоратот е само функционален додаток на плата додека ја врши функцијата ректор. Тоа не е плата. Вака било и за сите претходни ректори. На ниеден ректор до сега не му мирувал работниот однос како што бара ДКСК, бидејќи ректорот е раководна, а не избрана и именувана функција како државните функции. Сите ректори на јавните универзитети од Министерството за образование и наука добиваат буџетски средства како додаток (не плата) за вршење на ректорската функција.

И деканите земаат функционален додаток додека ја вршат функцијата декан.

3. Ректорот не може 30% да обавува здравствена дејност како што тврди ДКСК, доколку не е вработен во здравствена установа. Здравствената дејност е потребна за практична едукација на студентите. Со одземањето на здравствената дејност ректорот не може да биде ниту професор. Со ова ДКСК му ја одзема професорската дејност на ректорот што е во директна спротивност со Законот за здравствената заштита, Законот за високото образование и горенаведените подзаконски акти. Досега немало случај на ниеден универзитет ректорот истовремено да не е професор.

4. Неосновани и против уставни и против законски се и обвинувањата за непосоење на правилник кој “требало” да го донесе директорот на Клиниката за дигестивна хирургија кога постои Колективен договор за здравствената дејност врз основа на кој, по коефициенти, се врши исплатата на плати во здравствената дејност.

Го задржувам моето право, по добивање на наодите на ДКСК во писмена форма, повторно да ја информирам јавноста“ - пишува проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ


Можеби ќе ве интересира

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СУМ РАБОТЕЛ ОД СОБИРАЧ НА ПИКАВЦИ, ДО ПРАВЕЊЕ ЗДЕЛКИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА, СО НАЈГОЛЕМИОТ КРЕМ ОД ЕВРОПА: Мицкоски вели дека од професорска плата немаше да направи таква куќа

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

СЕ БАРААТ ДИРЕКТОРИ ЗА БИТНИ ПОЗИЦИИ – ќе има ли промени во раководните структури на Царина и УЈП

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА ВО СКОПЈЕ ДА ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДОТ: Ваков предлог закон постои, еве што бара Герасимовски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата