Ременски го послуша Кирацовски, ќе оди на распит во Обвинителството
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2019 13:00
Поранешната функционерка на СДСМ, Фросина Ременски, утре треба да даде исказ во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“, дознава „Плусинфо“.
Пратеничката на владеачката партија е почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски Боки 13. Таа веќе ги демантираше гласините дека заедно со нејзиниот сопруг е вмешана во аферата во која засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева.
„Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот Рекет, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.
Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување“, наведе Ременски неодамна на Фејсбук.
Инаку денеска Александар Кирацовски, пратеникот на СДСМ, ги повика сите политичари кои се фотографирале или се дружеле сои осомничените од „Рекет“ да дадат исказ во Обвинителството за да „се неутрализираат“ лажните вести и шпекулации.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




