РЕПЛЕК ГО ПРОДАВА ХУБО МАРКЕТОТ - компанијата набргу ќе објави јавен повик за прибирање понуди
Објавено во: Економија 08 Септември, 2022
Фармацевтската компанија „Реплек“ ќе го продава Хубо маркетот, за што ќе објави јавен повик.
Тоа компанијата го објави преку Македонската берза.
„Со овој допис сакаме да ве известиме дека акционерското друштво Реплек Скопје ќе даде јавен повик за прибирање на понуди за продажба на 100 отсто удел кој го поседува како единствен содружник во Реплек маркет ДООЕЛ, кој претставува повеќе од 5 отсто од средствата на друштвото определено врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи“, се вели во известувањето до Берзата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.