26 Декември, 2024
0.0279

РЕПЛЕК: Идната година планираме раст на приходите за 25 отсто, засилени инвестиции во иновација и проширување на производството

Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

По остварените позитивни резултати на домашниот и на странските пазари, „Реплек АД“ и во следната година најавува раст во сите сегменти од своето работење. Во 2025 година според бизнис планот компанијата планира раст на приходите од продажба за 25% во однос на остварените резултати годинава и тоа и на домашниот и на странскиот пазар. Таргетот за раст на приходите од продажба на странските пазари изнесува 26% или од сегашните 23,1, милиони евра на 29,2 милиони евра, а приходите од домашниот пазар се очекува да пораснат за 21% или 8,1 милион евра на 9,8 милиони евра.

„Со гордост можам да најавам дека 2025 година ќе биде година на нов раст и успеси на нашата компанија. Досега постигнатите резултати се одлична потврда за нашиот амбициозен план, кој дополнително е поткрепен со инвестиции во иновации, дигитализација и диверзификација на нашето портфолио во насока на пресретнување на потребите на пазарите. Покрај тоа, ќе инвестираме во развој на и проширување на нови терапии базирани на напредни формули, како и зајакнување на нашите позиции на пазарите. Нашиот потенцијал е веќе препознаен од нашите партнери, од инвеститорите, од акционерите и, секако, од нашите вработени кои се најголемата вредност на Реплек. Продолжуваме посветено да работиме на реализација на нашите цели“, изјави Душан Пецовски, главен и извршен директор на „Реплек АД“.

Позитивните резултати остварени на пазарите, како и континуираните инвестиции ги вброија акциите на „Реплек АД“ во берзанскиот индекс на Македонската берза МБИ 10, што е јасен сигнал за инвеститорите, но и потврда за стабилниот раст и потенцијал на компанијата. „Реплек АД“ и во третото тромесечје од оваа година оствари вкупен раст на приходите од продажбаво сегментот фармација од 30,9% во однос на истиот период минатата година. Ваквиот позитивен резултат, кој е продолжение на трендот од изминатите две тримесечја, придонесе за зголемување на вкупните приходи од продажба остварени во првите девет месеци од 2024 година, кои во споредба со истиот период лани се зголемени за 24,3%.

Во 2025 година компанијата ќе работи на проширување на производството, а ќе се интензивираат и инвестиции во нови погони за течни и полуцврсти форми. Во првиот квартал на 2025 година ќе започне со работа претставништвото на компанијата во Белград, а во втората половина на годината и претставништвото во Босна и Херцеговина. „Реплек АД“ Скопје ќе ги продолжи и инвестициите за подигнување на квалитетот на портфолиото.

„Реплек АД“ пласира околу 80% од своето портфолио на повеќе од 20 пазари во светот. Производите на компанијата се присутни на пазари во земји членки на ЕУ, Адрија регионот, во земјите на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија, како и на пазарите на ЗНД.

Компанијата за прв пат објави и предлог среднорочна дивидендна политика, која се темели на остварување годишна профитабилност на друштвото во распон од 60% до 150% од последниот тригодишен просек, континуирано намалување на релативното ниво на задолженост и проширување и осовременување на работењето преку инвестирање. Со тоа се овозможува поголема предвидливост и прилив на свеж капитал во компанијата, бидејќи се зголеми атрактивноста на акциите кај инвеститорите.


Можеби ќе ве интересира

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје

Шест каратисти на „Макпетрол“ меѓу наградените млади спортисти од Град Скопје

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадоa

Рамстор и Општина Центар се обединија за да го означат крајот на 2024 година со низа настани кои заедно ги создадоa

МЕГА шопинг парк во Гевгелија ќе донесе нови содржини за туристите и локалните жители

МЕГА шопинг парк во Гевгелија ќе донесе нови содржини за туристите и локалните жители

Македонска премиера на “Ракетно моделарство” на Златко Калеников

Македонска премиера на “Ракетно моделарство” на Златко Калеников

„Макпетрол“ и во 2025 за родителите ќе овозможи работилници против врсничко насилство

„Макпетрол“ и во 2025 за родителите ќе овозможи работилници против врсничко насилство

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СКОПЈАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕРОТ ВРЕДЕН 7.465.017 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СКОПЈАНЕЦ ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕРОТ ВРЕДЕН 7.465.017 ДЕНАРИ

Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа

Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа

Викендов во Крушево започнува скијачката сезона во ски центарот PANORAMA ALL SEASONS ADVENTURE

Викендов во Крушево започнува скијачката сезона во ски центарот PANORAMA ALL SEASONS ADVENTURE

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик