Викендов во Крушево започнува скијачката сезона во ски центарот PANORAMA ALL SEASONS ADVENTURE
Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2024
Викендов се отвора ски сезоната во Крушево
На сите љубители на скијањето и бордањето на располагање им се двоседа жичница која поаѓа од Крушево и два ски лифта. Ски центарот располага и со lounge bar кој нуди прекрасен поглед на терените и околината. Дневниот ски билет за возрасен е 1000 денари, за деца 800, а за тие што не скијаат повратен билет за жичницата е 300 денари. На сите љубители на зимата на располагање им се и скии и санки за изнајмување. Повеќе информации за ски центарот може да се добијат на нивниот вебсајт allseasonspanorama.mk или на 072805805.
Оваа година најголемите сместувачки капацитети во Крушево, хотелите Монтана и Панорама се целосно распродадени за новогодишните празници. За зимскиот распуст на понуда се повеќе фамилијарни ски пакети со кои најмалите може да започнат да навлегуваат во магијата на зимските спортови. Наскоро во хотелот Монтана започнува со работа и целосно реновираниот спа центар со кој се збогатува туристичката понуда во Крушево.
ПР објава