РЕСТРИКЦИИТЕ НЕ СЕ ПРЕЧКА - Русите очекуваат светската побарувачка за ЛНГ да порасне до 600 милиони тони до 2030 година
Објавено во: Економија 04 Септември, 2024 14:52
Глобалната побарувачка за течен природен гас (ЛНГ) ќе се зголеми од сегашните малку над 400 милиони тони на 580 до 600 милиони тони до 2030 година. Ова го посочи првиот заменик-министер за енергетика на Русија, Павел Сорокин на Источниот економски форум во Владивосток, пренесува Танјуг.
Според него, светската побарувачка за ЛНГ ќе достигне 700 милиони тони во следните 20 години, пренесува ТАСС. Источниот економски форум годинава се одржува од 3 до 6 септември, а овојпат главна тема на состанокот е „Далечниот исток 2030. Комбинирање на силите за создавање нов потенцијал“.
Форумот е поделен на седум тематски блокови наречени „Нови контури на меѓународна соработка“, „Технологии за обезбедување независност“, „Систем на финансиски вредности“, „Руски далечен исток“, „Луѓе, образование и патриотизам“, „Транспорт и логистика: Нови рути“.“ и „Мастер планови: од архитектура до економија“.
Можеби ќе ве интересира
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




